verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога едната страна обвинува, другата има право да се изјасни

on 8 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #275 - 'Musa Xhaferi ka marrë nga 5_000 euro ryshfet, përmes shoferit të tij (Video) I Iliria News Agency' - ina-online_net_mu

 

Напис: Муса Џафери примил  5.000 евра мито, преку неговиот возач

Пратеникот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Ернад Фејзулаху, за време на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го подбоцнал новиот заменик-премиер за спроведувањето на Охридскиот договор, Фестим Халили.

„Го прашувам Халили дали тарифата за вработување на Албанците во администрација е од 3.000 до 5.000 евра, како што беше кај твојот претходник Муса Џафери или е променета? Второ: Парите за вработување на Албанците во администрација ги земаш ти сам или останува практиката на Муса Џафери, кој ги земаше преку неговиот возач“, прашал Фејзулаху, констатирајќи го отсуството на Халили во собраниската седница и проценувајќи дека „Премиерот им забранил да се појават на седница“.

Целосните прашања на пратеникот Фејзулаху можете да ги слушнете во видеозаписот во продолжение.

 

[Рецензија: Муса Џафери примил  5.000 евра мито, преку неговиот возач]

Кога едната страна во новинарскиот напис упатува обвиненија за друга страна, содржината не може да почне и да заврши само со тој што обвинува. Во овој случај, се прекршува начелото на сеопфатното, објективното и балансирано известување. Особено кога станува збор за обвиненија за корупција, мито и за слични злоупотреби што го допираат јавниот интерес, кога новинарот има уште повеќе тесто за да направи вест.

Веста што ја рецензираме е тенденциозна и еднострана. Авторот, во содржина или меѓу редови, ја фаворизира едната страна, таа што обвинува.

„Пратеникот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Ернад Фејзулаху, за време на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го подбоцнал новиот заменик-премиер за спроведувањето на Охридскиот договор, Фестим Халили“.

Musa Xhaferi ka marrë nga 5.000 euro ryshfet screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Муса Џафери примил  5.000 евра мито, преку неговиот шофер””

Датум и време на објавување: 30.06.2016

Датум на рецензирање: 01.07.2016

Рецензент: Адриан Керими

За сите недокажани обвиненија, ниту од страната што обвинува ниту од авторот, овој последниот не побарал став од втората страна. Во овој случај, не е побаран став од споменатата страна, а новинарот го прекршил етичкиот кодекс, во кој има правило: Новинарот треба да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

„’Го прашувам Халили дали тарифата за вработување на Албанците во администрација е од 3.000 до 5.000 евра, како што беше кај твојот претходник Муса Џафери или е променета? Второ: Парите за вработување на Албанците во администрација ги земаш ти сам, или останува практиката на Муса Џафери кој ги земаше преку неговиот возач’, прашал Фејзулаху, констатирајќи го отсуството на Халили на собраниската седница и проценувајќи дека ’Премиерот им забранил да се појават на седница’.“

За едно име, едно изјаснување. Ова е непишано правило и закон во професионалното новинарство, што мора да функционира кога известуваме. Конкретната вест спомнува многу имиња, додека само еден од нив е фаворизиран, пренесувајќи ја неговата изјава. Таквото постапување само го потврдува фактот дека текстот е едностран и тенденциозен, бидејќи за едно тешко и непотврдено обвинение, не е побаран став од допрената страна преку ова изјаснување.

Освен фактот што не е побаран став од вклучената страна и не е кажано дали се пробало да се земе став или не, текстот е и неструктуриран и со печатни грешки. Ова можеби ја потврдува и брзата и неконтролирана постапка за да се пласираат што побрзо „информациите“ на интернет, независно од тоа дали ги поминале филтрите како што се верификација на информацијата и изворот, транспарентноста и објективноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести