verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарскиот скандал поголем од политичкиот

on 26 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Skandaloze-Ministri-i-Arsimit-Pishtar-Lutfiu-“analfabet”-screenshot

 

Напис – Скандалозно/ Министерот за образование, Пиштар Лутфиу, „неписмен“: Касарната (алб. Казерма) ја нарекува на словенски „касарна“

Пиштар Лутфиу, еден непознат кадар што веќе неколку месеци ја врши функцијата министер за образование и наука, покажува колкаво е неговото интелектуално ниво и неговата професионална подготвеност за да го води ова клучно министерство. Ова го покажува и неговиот речник каде тој касарната (алб. казерма) ја нарекува „касарна“ што е словенски збор, известува ИНА.

„На Универзитетот „Мајка Тереза“ му е доделена земја кај касарната „Илинден“. Во тек е подготовка на планот и со буџетот од 2017 година верувам дека ќе почнат и градежните работи за овој објект кај касарната“, рече тој денеска за време на откривањето на плановите за Универзитетот „Мајка Тереза“. (ИНА)

 

[Рецензија – Скандалозно/ Министерот за образование, Пиштар Лутфиу, „неписмен“: Касарната (алб. Казерма) ја нарекува на словенски „касарна““]

Новинарите се и треба да останат коректори на власта. Меѓутоа, ова не подразбира дека тие имаат право на квалификации и на понижување на една личност, бил тој со јавна функција или, пак, обичен граѓанин. Секогаш треба да функционира острото око за да се фатат нештата од соодветниот агол, но никогаш не треба да се интервенира во содржини со оценувања и со емоции.

Текстот што го рецензираме е квалификуван како скандал од страна новинарот, а не од јавноста, познавачите на политичките прашања или опозицијата. Освен тоа, од насловот па сè до воведниот дел и до изјавата, редовите на написот содржат навредливи и понижувачки зборови за министерот Лутфиу.

„Новинарот ќе го зачува престижот и достоинството на неговата професија, ќе поттикне меѓусебна солидарност и плурализам на мислењата и нема да го искористи неговиот медиум за расчистување сметки со разни личности вклучувајќи ги и неговите колеги“.

„Пиштар Лутфиу, еден непознат кадар што веќе неколку месеци ја врши функцијата министер за образование и наука, покажува колкаво е неговото интелектуално ниво и неговата професионална подготвеност за да го води ова клучно министерство. Ова го покажува и неговиот речник каде тој касарната (алб. казерма) ја нарекува „касарна“ што е словенски збор, известува ИНА.

Насловот го квалификува министерот како неписмен, статус што подразбира човек што не знае да пишува и да чита. Во овој случај, авторот направил прекршување на новинарската етика и начела. Не треба да се заборави дека авторот или новинарот секогаш треба да го негува говорот на етиката и треба да сноси одговорност за јавно кажаниот збор. Исто така, новинарот го нарекува министерот за образование „непознат кадар“, информација што воопшто не е потребна, бидејќи именувањето на функционерите е прашање од јавен интерес, како и внатрепартиска политика, кое може и да се анализира, но преку извори и факти, а не преку коментари.

„Новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарите”.

 

Skandaloze Ministri i Arsimit Pishtar Lutfiu “analfabet” screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Скандалозно/ Министерот за образование, Пиштар Лутфиу „неписмен“: Касарната (алб. Казерма) ја нарекува на словенски „касарна“”
Датум и време на објавување:
18.08.2016

Датум на рецензирање: 20.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

За да ја направи оваа вест, авторот имал можност да го праша директно министерот за образование и наука, како се преведува на албански јазик зборот „касарна“. Меѓутоа, фактот што на крајот од веста е прикачен видеозапис со лого од друг медиум, докажува дека авторот воопшто не бил во местото на настанот.

„На Универзитетот „Мајка Тереза“ му е доделена земја кај касарната „Илинден“. Во тек е подготовка на планот и со буџетот од 2017 година верувам дека ќе почнат и градежните работи за овој објект кај касарната“, рече тој денеска, за време на откривањето на плановите за Универзитетот „Мајка Тереза“.

Текстот, освен што не е структуриран, провоцира понижување и се меша во работи што не му припаѓаат на новинарот и не се од јавен интерес. Неправедно и спротивно на етичкиот кодекс е да се каже дека министерот зборува „словенски“. Во вакви случаи треба да се специфицира и да се каже дека министерот зборот „касарна“ го кажува на македонски или на службен јазик. Содржината можела да биде уште пообјективна но, во исто време, и попровоцирачка, бидејќи еден таков гаф од министерот може да се преврти и да се употреби од медиумите на различни начини, но не и оценувајќи го  неговиот гаф така како што е направено во текстот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести