verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ако министерот „спие“, новинарот не мора да паѓа во „делириум“

on 2 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 244 - Kaos në shkolla, ministri Pishtar Lut_ - http___www.tetova1.mk_2017_01_27_k

 

Напис: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани

Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува „Тетова1“.

Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук.

Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка. /Тетова 1/

 

[Рецензија: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани]

Еден извор не е доволен за да се напише еден новинарски производ. Професионалните новинари секогаш се повикуваат на сите страни спомнати во написот, за нивниот пристап да биде сеопфатен, непристрасен и објективен. Основно начело на една вест е тоа дека насловот му навестува на читателот за тоа што има во содржината. Но, тоа не е случај со веста што ја рецензираме, затоа што она што е напишано во насловот, не е напишано и во текстот.

„Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува ’Тетова1’“.

Kaos në shkolla screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани

Датум и време на објавување: 27.01.2017

Датум не рецензирање: 29.01.2017

Рецензент: Адриан Керими

 

На текстот му е даден еден тенденциозен наслов, кој топката ја фрла кај министерот, но во содржината не се кажува дали е побаран став од негова страна. Сите спомнати личности во текстот имаат право да се изјаснат.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, вели Етичкиот кодекс на новинарите.

„Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук. Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка“. 

Веста е заснована само на соопштението на Министерството за внатрешни работи, при што е зачинета со лични проценки. Како таква, оваа содржина го занемарила правото на министерот за образование и секторот што тој го води, да ја кажат својата верзија за настанот.

Темата можеше да биде поопширна. Професионалните новинари, од една вест секогаш може да напишат и други вести. Ако имаше релевантни статистики од полицијата, но и од Министерството за образование околу заканите што им се упатуваат на наставниците, тогаш веста ќе беше посодржинска и поконструктивна. Колку наставници се жртви на вакви закани? Какви мерки се преземени досега за да се спречи овој феномен? Дали преземените мерки влијаеле на подобрување на моралниот статус на наставниците?

Прашањата кои допираат до интересот не само на возрасните, туку и на учениците, треба да се третираат многу внимателно и при тоа да ги почитуваат правилата на професионалното новинарство. Секаква тенденција од страна на новинарот може да има негативен ефект, особено кога се знае дека дел од засегнатите страни може да бидат и учениците, до кои може да има негативно влијание овој неодговорен наслов, како и сликата што е поставена за да се пропагира идеата на редакцијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести