verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погодена тема, промашен пристап

on 17 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 271 - Banorët e Shutkës nuk duan pishinë, kërkojn_ - http___www.zhurnal.mk_content_

 

Напис: Жителите на Шутка не сакаат базен, бараат гинеколог

Скопје, 10 февруари – Општина Шутка има околу 8.000 жени, но ниту еден гинеколог да им служи, се жалат жителите на оваа општина, кои се револтирани со владиниот план да се потрошат 700.000 евра за изградба на базен во оваа општина.

„Ние имаме толку многу проблеми, што да се има базен не претставува никаква предност. Парите потрошени за базенот може да се користат за да се решат многу поакутни проблеми, како што е, на пример, вработување на еден гинеколог“, велат од Женската иницијатива на Општина Шутка, пренесува „Журнал“.

Бремените жени од оваа општина често се породуваат во домашни услови и смртноста на новороденчињата е многу повисока отколку кај другиот дел од населението.

 

[Рецензија: Жителите на Шутка не сакаат базен, бараат гинеколог]

Веста што ја рецензираме е погодена тема што се однесува до јавниот интерес. За жал, начинот на кој му пристапил новинарот на ова прашање е промашен. И покрај очекувањата на граѓаните, не само на тие од Шутка, работата на новинарот не е извршена одговорно, а текстот не ја информирал соодветно јавноста за проблемите што ги открива.

Податоците во текстот се точни. Нивната вистинитост воопшто не се оспорува. Меѓутоа, пристапот не е сосема професионален, што влијае на елементите на веста, претворајќи го овој текст во неважна информација. Вака може да се нарече еден новинарски производ кој нема потреба да се понуди за јавноста на овој начин.

„Општина Шутка има околу 8.000 жени, но ниту еден гинеколог да им служи, се жалат жителите на оваа општина, кои се револтирани со владиниот план да се потрошат 700.000 евра за изградба на еден базен во оваа општина“.

Иако има доста причини за да се дополни веста со соодветни елементи, во овој текст не е направено тоа. Освен што поставува две теми во сооднос (изградбата на базенот и недостигот од гинеколог) без да го изгради овој сооднос со повеќе факти, тука недостига другата страна, или сите вклучени страни, во полза на постигнување балансираност при информирањето. За да биде оваа вест професионална, авторот требало да побара став од надлежните, а не да ја задоволи формата само пријавувајќи го феноменот. Во овој случај, колку за да се потсетиме, можело да се користат ставовите од Министерството за здравство, Народниот правобранител, како и претставниците на локалната самоуправа или општината во која што живеат овие граѓани.

Banorët e Shutkës nuk duan pishinë screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Жителите на Шутка не сакаат базен, бараат гинеколог

Датум и време на објавување: 10.02.2017

Датум на рецензирање: 12.02.2017

Рецензент: Адриан Керими

Иако веста е од интерес за јавноста и за самите граѓани на Шутка, во веста е дадена само една единствена изјава од една организација. Тоа е грешка. На пример, една подетална анкета и со повеќе информации од самите граѓани, би била поголем поттик за да се прошири истражувањето. Нема сомнежи во релевантноста на изјавата, туку тоа што таа е осамена, без оглед колку таа држи, и, ѝ дава вредност на информацијата.

„Ние имаме толку многу проблеми, што да се има базен не претставува никаква предност. Парите потрошени за базенот може да се користат за да се решат многу поакутни проблеми, како што е, на пример, вработување на еден гинеколог“, велат од Женската иницијатива на Општина Шутка, пренесува Журнал.“

Веста завршува без крај. Има наводи за бремените жени и за смртност на новороденчиња, што еден новинар нема право да ги пишува доколку за ова нема факти или извори што го потврдуваат или тврдат тоа.  Заклучокот е донесен без да се потпре на релевантни и аргументирани бројки, или без да се каже кој го потврдува тоа што се вели.

„Бремените жени од оваа општина често се породуваат во домашни услови и смртноста на новороденчињата е многу повисока отколку кај другиот дел од населението“.

Исто така, текстот нема заднинска или дополнителна информација. Во текстот не се кажува дека жители или граѓани од Шутка се претежно население што припаѓа на ромската етничка заедница, која е една од најмаргинализираните заедници и со најмалку права во општеството во Македонија, со посебен акцент на тешките економски, социјални, образовни и здравствени услови. Дел од заднината можел да биде и елементот за тоа кој го финансира проектот за базен и до каде е постапката за неговата реализација.

Сите овие дополнителни информации се потребни за оној читател кој можеби и нема информации за спомнатите прашања, но во написот што го рецензираме не се напишани.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести