verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тајните средби се разоткриваат со факти и со докази

on 12 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 203 - Takim sekret mes Ahmetit dhe Gruevski_ - http___www.fakte.net_takim-sekret-

 

Напис: Тајна средба меѓу Ахмети и Груевски за новата влада

Tајна средба се одржа меѓу лидерите на партиите на власт ВМРО – ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вечерва во Скопје, пишува „Факте“. Според изворите на порталот, средбата што завршила пред еден час меѓу владините партнери дошла по преговорите на работните групи од двете партии во изминатите денови и за кои сме известиле претходно.

Според информациите, двајцата лидери ги анализирале заедничките позиции постигнати од групите од двете партии и ги процениле понатамошните чекори.

Инаку, од ДУИ изјавија дека не почнале преговори со ниедна македонска партија (ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ), и дека продолжува координацијата со другите албански парламентарни субјекти, акт кој беше поддржан и од премиерот на Албанија, Еди Рама. /Факте/

 

[Рецензија: Тајна средба меѓу Ахмети и Груевски за новата влада]

Прашањата од посебен интерес, и особено тие што се актуелни и поттикнуваат поголем интерес кај јавноста, треба да се завршуваат комплетно, за читателот и јавноста да бидат точно информирани, со факти и на непристрасен начин. Кога новинарот решава да известува за една тајна средба меѓу двајца лидери на политички партии, тогаш треба да има предвид дека средбата претставува важна вест и дека треба да биде аргументирана. Веста што ја рецензираме зборува за една таква средба, но без да се докаже одржувањето на истата и нејзината содржина, со ништо.

„Tајна средба се одржа меѓу лидерите на партиите на власт ВМРО – ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вечерва во Скопје, пишува „Факте“. Според изворите на порталот, средбата што завршила пред еден час меѓу владините партнери дошла по преговорите на работните групи од двете партии во изминатите денови и за кои сме известиле претходно“.

Авторот се повикува на неодредени извори, што влијае на заматување на вистинитоста на веста. Доколку средбата навистина се случила, тогаш новинарот е обврзан да изнесе некој доказ или детаљ од средбата, барем за тоа каде е одржана и кој друг бил присутен.

takim-sekret-mes-ahmetit-dhe-gruevskit-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Тајна средба меѓу Ахмети и Груевски за новата влада

Датум и време на објавување: 02.01.2017

Датум на рецензирање: 03.01.2017

Рецензент: Адриан Керими

Иако веста е напишана со јазик како новинарот да бил дел од средбата и цитира резервирани извори, не се обезбедени ставови од спомнатите страни за да ги потврдат или да ги негираат информациите. На овој начин, информацијата е напишана непрофесионално.

„Според информациите, двајцата лидери ги анализирале заедничките позиции постигнати од групите од двете партии и ги процениле понатамошните чекори.

Инаку, од ДУИ изјавија дека не почнале преговори со ниедна македонска партија (ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ) и дека продолжува координацијата со другите албански парламентарни субјекти, акт кој беше поддржан и од премиерот на Албанија, Еди Рама“.

Во текстот нема едностраност, ниту коментари. Дополнителните информации се во ред, додека мултимедијалните елементи се поставени колку за илустрација, бидејќи редакцијата не обезбедила фотографии од лидерската средба за која известила. Затоа, како таков, текстот има уште простор за дополнување. Доколку нема нови ставови, новинарот секогаш има право да ги повтори поранешните ставови на главните ликови. Еден цитат повеќе секогаш ѝ дава поголемо значење и тежина на веста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

непотврдени

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести