verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заев нападнат иако не е градоначалник, а за другите градови се молчи

on 12 - 01 - 2017       

 Kurir za Strumica

 

[Рецензија: Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на Струмица (ВИДЕО)]

 

Текстот што го рецензираме е спин, односно има извртување на вистината, бидејќи за неисчистените улици во Струмица се обвинува „градоначалникот“ Зоран Заев, кој, всушност, веќе не е носител на таа функција. Неговиот мандат како градоначалник му престана во моментот кога го доби пратеничкиот мандат. Во моментов Заев има заменик, а во процедура е, преку Министерство за локална самоуправа, да се назначи в.д. градоначалник. Во текстот има и фотографии од Заев, кои се искористени за повторно извртување на вистината, сакајќи да се прикаже дека додека тој се забавува, струмичани мака мачат со неисчистените улици. Инаку, од Општина Струмица испратија и официјално соопштение во однос на преземените мерки за справување со последиците од снежните врнежи и од ниската температура.

 

strumicaЛинк до оригиналниот напис: Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на Струмица (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 09.01.2017, 13.52

Датум на рецензирање: 11.01.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

НЕ Е САМО ВО СТРУМИЦА ТАКА…

Сосема приватна работа е како поранешниот струмички градоначалник Зоран Заев го поминува слободното време и што тој објавува на својот профил на социјалните мрежи, бидејќи тоа нема никаква врска со состојбата на улиците низ Струмица, за кои, патем, е надлежна Општината, институција во која тој повеќе не е носител на ниту една функција.

„Додека струмичани сами се борат против снегот и замрзнатите улици, струмичкиот градоначалник ужива во снежното време, и згора над тоа, се фали на социјалните мрежи“.

Во интерес на вистината и на правилно информирање на читателите, во текстот никаде не пишува дека не само во Струмица, туку и низ многу други општини, улиците наликуваат на познатата светска скокалница Гармиш-Партенкирхен. На неисчистени улици и тротоари се пожалија и граѓаните во речиси сите општини каде што најголем дел од градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ. Поради овој пристап во неинформирањето, овде имаме селективност, едностраност и пристрасност.

„Доколку на Заев навистина му дошло до санкање, тогаш истото може да го стори и во самиот центар на Струмица, чии улици наликуваат на познатиот германски ски центар Гармиш- Партенкирхен. Заев и општинската власт ги оставија струмичани сами да се мачат со мразот, снегот и студот. Улиците во градот се целосно смрзнати, граѓаните мора да внимаваат каде газат, зошто многу лесно може да се здобијат со скршеници поради неажурноста и неспсообноста на локалната власт“.

 

ЗА ДРУГИТЕ ГРАДОВИ СЕ МОЛЧИ

Текстот што го рецензираме не е содржаен, бидејќи не го третира целосно проблемот со нерасчистените улици и тротоари. Во него, исто така, се содржат и невистинити информации за функцијата на Зоран Заев. Овде или се работи за непознавање или, пак, за намерно прикривање информации. Коментарите се интегрирани во текстот, при што се добива еден материјал кој е тенденциозен и дезинформирачки.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести