verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Популистичка објава во која нагласено се воздигнува Владата

on 17 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___www.alfa_.mk_News.aspx_ID97855.Vc5s_fmqqkp-crop-resize

 

[Рецензија: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско]

 

Ова е уште еден од серијата прилози во кои нагласено се воздигнува Владата. Оваа популистичка објава е обоена со фалбаџиски тон, почнувајќи од самиот наслов, па сѐ до последниот ред.

http___www.alfa.mk_News.aspx_ID=97855#.Vc5s_fmqqkpЛинк до оригиналниот напис: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско

Датум и време на објавување: 14.08.2015, 17:33:46

Датум на рецензирање: 15.08.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

РЕПРИЗИ И ПРОПАГАНДА

Материјалот што го рецензираме се однесува на посетата на  премиерот и на дел од членовите на неговиот кабинет на поплавените села во Тетовско (13 август 2015 година), за која медиумот истиот ден информираше во два прилози.

Всушност, овој едностран и исклучително пристрасен напис фактички е реприза на веќе објавените информации. Тој на гледачите не им соопштува ништо ново, туку има цел да ја пофали власта – поточно премиерот, за ангажманот околу справувањето со последиците од поплавите.

Пропагандистичката интонација се забележува на самиот почеток од прилогот:

„Се исчисти голем дел од затрупаните патишта во Шипковица, механизацијата со полна пареа работи во расчистување на урнатите домови и во Речица…

Заврши проценката на штетите, а нивното санирање се одвива според ветеното. Во активностите е вклучен целиот државен врв, а на терен се дејствува интензивно…“

 

ДОДВОРУВАЊЕ

Фалењето на премиерот е толку нагласено што изгледа како додворување. Во желбата да се истакне неговата улога, употребени се формулации кои изгледаат смешно. Како, на пример, дека  Груевски вршел контрола на состојбата на терен, иако тоа воопшто не е задача на претседателот на Владата, туку постојат стручни служби – лица кои се платени за да ја извршуваат таа работа.

Па, правен во таков воспевачки занес, прилогот уште тврди дека:

„…локалното население постојано се заблагодарува за брзата интервенција на надлежните…“

Меѓутоа, во тонските изјавите на тројцата мештани нема такво нешто:

„Моменталната ситуација во селото почна да се стабилизира до некаде, прилично…

… да  се санира некоја куќа и тој што има можност побрзо да се врати…

… во моментот се санирани некои дефекти, пример канализацијата и водоводот,  ама водата уште не е за пиење…“ (од 0,30 до 0,45 минута од видеото)

Исто така, наспроти наводите дека:

„По десет дена од поплавите во тетовско, животот се враќа во нормала,“

во медиумите може да се прочитаат  текстови кои даваат поинаков приказ  за сосотојбите на терен и во кои се вели дека процесот на санацијата ќе трае подолго (Шипковица ќе излезе од кал по неколку месеци).

Ама, очигледно,  прилогот што е пред нас, воден од идејата да го „овековечи моментот“ за посветеноста на премиерот и за неговото солидаризирање со маката на жителите од Тетовско, не ја видел Шипковица од истиот агол, туку ја следел само визурата на премиерот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести