verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој е криминалецот тука?

on 15 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО-Во-ноќен-бар-во-Тетово-фатени-10-странски-државјанки-Е-Вести-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки]

 

Текстот кој е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува дали „странски државјанки“ е синоним за криминалки кои мора да се фаќаат. „Ако се жртви на трговија со луѓе, како им се помага со тоа што ги покажуваат нивните фотографии и кој му ги дал на порталот?“ – прашува нашиот читател.

ФОТО-Во-ноќен-бар-во-Тетово-фатени-10-странски-државјанки-Е-Вести-coverЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки

Датум и време на објавување: 14.07.2015

Датум на рецензирање: 13.08.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Она што прво „боде очи“, според нашиот читател, а сигурно и за многумина други, е насловот: „Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки“. Факт е дека девојките работат нелегална работа, но факт е и дека тие најчесто се жртви на трговијата со бели робје. Според тоа, тие треба да бидат заштитени, а не пласирани во медиумите како најголеми криминалци. Можеби подобро би било кога во насловот би се истакнало дека во ноќен бар во Тетово се фатени луѓето што ги злоупотребиле овие девојки и „ги продавале“ за да профитираат.

Понатаму, спорно е и тоа што во насловот се истакнува „странски државјанки“ и тоа е некаков синоним за проституција. Зарем наши државјанки не се проституираат и не се жртви на трговија со луѓе? Токму тоа и се гледа во текстот.

„Од нив  девет се од Република Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) е од Република Албанија и три државјанки на Република Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37).“

Значи, меѓу девојките имало и Македонки. Нашиот читател, исто така, има право кога вели дека не е во ред да се објавуваат фотографии од девојките, особено што не е наведен изворот на фотографиите. Поради тоа, не може да се каже дали прикажаните девојки се токму тие што се уапсени. Ако се тие, не е етички да се објавуваат фотографии од кои евентуално би можело да се открие нивниот идентитет (дури и со замаглени и свртени лица), особено поради тоа што тие девојки се жртви, а не криминалки.

Во текстот не е наведен ниту изворот на информациите. Напишаното звучи како да е полициски извештај, но авторот не го напишал тоа, поради што не може да се утврди веродостојноста на наводите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести