verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ниту извор, ниту аргументи и факти, туку само гола шпекулација

on 15 - 08 - 2015       

recenzija-SOROS-cro-rsize

 

[Рецензија: СОРОС со ново движење самостојно ќе оди на избори?]

 

Вест во низа за да се омаловажи Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ – дел од мрежата Сорос-фондации). Овој медиум последниве денови врши огромна хајка против оваа фондација и против невладините организации во земјава, пошироко. Па, таков е и овој текст, кој нема ниту извор, ниту аргументи и факти, туку само гола шпекулација, која во никој случај не може да се земе за сериозна и за вистинита.

recenzija SOROSЛинк до оригиналниот напис: СОРОС со ново движење самостојно ќе оди на избори?

Датум на објавување: 11.08.2015, 16:23

Датум на рецензирање: 12.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Овој напис прави многу почетнички грешки. Не е спорно ништо во тоа еден медиум да шпекулира и да објави неофицијална информација ако за тоа има добра поткрепа. Но, во овој текст тоа не е така. Ниту од блиску не се дознава кој е тој извор, кој наводно ја пласирал оваа информација. Нема локација на изворот, нема ниту приближен показател дека тој навистина постои.

Со фрази „како што дознаваме“ не се постигнува ништо. И втората најголема грешка што ниту еден новинар не смее да ја направи е тоа што нема побарано изјава од засегнатата страна. Во овој случај од ФООМ. Ако побарале изјава, можеби работите би станале појасни.

„Нашите извори велат дека веќе на големо се регрутираат луѓе од базата на Бихаќка кои не се согласуваат СДСМ да ја игра улогата на конструктивна партија.

Ваквиот развој на настаните го навести и самиот Владимир Милчин кој на социјалните мрежи порача дека без СОРОС СДСМ би била конструктивна опозиција.“

Просто зачудувачки е до каде може да отиде спин-машинеријата со овој напис. Па, така, прво прави теза дека во СДСМ членовите се разочарани, за потоа веднаш да го залепи спинот дека тие луѓе ќе отидат во новото политичко движење на „Сорос“. Со тоа, написот сака да направи некаква кавга помеѓу опозицијата и невладините организации и притоа мисли дека тоа ќе успее.

За да биде појасно, мора да расчистиме неколку работи. Прво, ФООМ не може да прави партија! Или, доколку прави, треба целосна реорганизација, промена на дејност и слични законски перипетии. Во јавноста, пак, се знае дека мисијата на оваа организација не е политичка и освојување на пратенички мандати, туку развој на демократското општество. Сепак, се гледа дека ова не им е јасно на тие што учествувале во изработката на написот.

„Незадоволството на луѓето во СОРОС почна да ексалира кога по огромните суми кои ги вложија во политичката криза, СДСМ реши да им го сврти грбот и под притисок на меѓународниот фактор да се врати во институциите. Иако не може да се пресмета точната бројка, експертите велат дека СОРОС во мисијата доаѓање на власт без избори  ја обезбеди целата логистика за СДСМ од обука на кадри за вршење државен удар во соработка со агенцијата Канвас па се до организација на протестите пред Владата на 17 мај.“

И во овој пасус се тврди дека, наводно, ФООМ и СДСМ се скарале откако опозицијата решила да се врати во институциите. Чудно! Кој тоа веќе не знае дека СДСМ ќе се врати во Собранието поради Договорот од Пржино на 15 јули? Не поради ФООМ или поради нешто друго.

Така и до крај, со многу безмислици продолжува и завршува овој текст. И што да се каже, а што досега не е напишано. Текст со намера за понижување и за раскарување, со лоша теза и реализација. Друго ништо не може да се додаде за овој прилог, освен тоа дека неговите намери се веќе прочитани.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести