verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога текстот е за дневно-политичка намена, сите новинарски стандарди паѓаат во вода

on 15 - 09 - 2015       

sekerinska-magar-telekom-crop-resize

 

[Рецензија: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот Протокол кој обрзува да нема тендер за трет мобилен оператор]

 

Текстот има една цел, а тоа е да го наруши угледот на Радмила Шекеринска, која е мета на хајка последниве денови за скандалот со „Маѓар телеком“. Притоа, половина од написот се прашања на кои нема одговор ниту новинарот, ниту јавноста.

sekerinska magar telekomЛинк до оригиналниот напис: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот

Датум и време на објавување: 13.09.2015, 15:03

Датум на рецензирање: 15.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Иако Шекеринска уште при првиот текст објавен за наводна нејзина инволвираност во овој скандал веднаш демантираше, во овој напис не се нашло за потребно да се пренесе тоа.

Инаку, таа имаше демант во кој се вели:

„Чудо! Не сакајќи, „Република„ ме испофали! Во документот кој го објавуваат (читајте го оригиналот) се потврди:

– дека сум инсистирала на брзи рокови за либерализација на телекомуникацискиот сектор во Македонија

– дека предлозите од Маѓар Телеком не сум ги поддржала (законот кој го нуделе останал нивен предлог, не поддржан од мене ниту институцијата која сум ја раководела) и

– дека на седницата на Влада не им помина законот по ќеиф на Маѓар Телеком туку закон усогласен со ЕУ обврските на Македонија (и предлагам на Владата да ги објави снимките од таа седница за да се види зошто и како Маѓарите не го добија тоа што го сакаат).

Документите покажуваат дека многумина во Македонија се спротивставија на криминалните зделки и привилегираната позиција на МТ – горда сум што бев една од тие.

Очекувам Република да ги дообјави документите од истиве сведочења, вклучувајќи ги и конкретните имиња и функционери врзани за „Аналитико“. Шилото повторно врти!“

Втората работа која, исто така, боде очи е тоа што засегнатата страна, пак, воопшто не е застапена во текстот. Нема никакви индиции дека е направен обид да се добие каква било било изјава од Шеќеринска.

„Документите од аферата Телеком, кои се достапни на судот во Њујорк и од кои Република досега објави само мал дел, покажуваат поинаква слика на Радмила Шекеринска. Документите укажуваат дека лично од раководството на Маѓар Телеком и на Македонски Телекомуникации, на Шекеринска и бил даден нацрт закон, подготвен со единствена цел да се продолжи монополот на Македонски Телекомуникации, да продолжи осиромашувањето на македонските граѓани преку нереално високи цени за телефонија и интернет, а да продолжи богатењето на тогашните политичари на власт. Дали Шекеринска пријавила дека Атила Сендреи, осомничениот за оваа криминална афера пред македонските судови, и доставил таков закон? Дали се обратила до Јавното Обвинителство дека директор на приватна компанија и приоѓа со изготвен закон кој сака да биде изгласан на Влада? Доколку Шекеринска го пријавила овој случај, Република со задоволство ќе ја повлече веста, но јасно е дека тоа не се случило. Шекеринска треба да се потсети дека нејзиниот пријател Зоран Талер заврши во затвор токму затоа што се согласи да поднесе законски акти во интерес на приватна компанија.“

Идејата на целиот текст не е да пренесе објективна информација за наводна вклученост на Шекеринска во аферата со поткуп од „Маѓар телеком“, туку да ѝ се извалка името. Тоа се гледа и од селективното прикажување на информациите. Имено, според сведочењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, инволвираност нема само од опозициски политичари, туку има наводна поврзаност на високи функционери и од владејачката партија.

Текстот е политички пристрасен, а е конструкција од претпоставки. Затоа и е невистинит. Четиво кое има само една цел – да омаловажи опозициски политичар.

Може да се заклучи дека ова е површно одработена новинарска задача која не успева да одговори на дел од главните професионални предизвици. Во него има сериозна доза на манипулација и спин, пласиран во насловната конструкција која ја дезинформира публиката.

Кога новинарскиот текст е со дневно-политичка намена, сите новинарски стандарди паѓаат во вода.

Насловот пласира шпекулација која е наменета за дискредитирање на личноста на конкретен политичар, со отворена навреда дека за поддржувачите на СДСМ ќе било шокантно ако Радмила Шекеринска остане заменик-претседател на партијата. Намерата да се дискредитираат Социјалдемоктарскиот сојуз како партија, но и конкретна личност е нескриена.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести