Рецензии

Расте интересот за кредитирање? Да, така е – со години наназад!

на 21. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Расте интересот за кредитирање]

  Мене ми е жал, ама тоа дека „расте интересот за кредитирање“, како што информира овој напис во насловот, воопшто не е вест. Интересот за кредитирање се зголемува со години наназад. Во јуни 2007 година, порастот на кредитирањето изнесуваше 41,9 отсто на годишно ниво (страница 23), во 2008 година, кредитите за населението забележаа пораст од 31,8 отсто, оние за претпријатијата 25,8 отсто (страница 22), а порастот продолжи и во текот на годините по светската рецесија од 2009 година, арно ама со пониски стапки од 4 проценти (2009) и 2,2 проценти (2010) за населението и 8,6 проценти (2009) и 9,1 отсто (2010) за претпријатијата. Тој пораст трае и изминатите три години, при што највисока стапка

Сте слушнале за „стартап пазарни валути“? Ни јас!

на 20. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Доларот поевтини во однос на јенот, инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД]

  Најпрвин, една концепциска забелешка. Овде е пренесен дел од извештај за состојбите на азиските пазари на капитал во сегментот на валутните пазари. Станува збор за извештај на „Франс прес“ (АФП) од Токио, испратен по тамошното отворање на берзите во петокот наутро, додека во Европа сѐ уште е ноќ. Со оглед на ова, текстот во голема мера говори за движењето на доларот во однос на јенот, иако се спомнува и соодносот на доларот во однос на еврото, но не во Европа, туку во Јапонија. Точно е дека трговските курсеви на валутите на азиските берзи, кои од географски причини се отвораат први во текот на денот,

Од него ќе биде човек, ама од овој текст не бива вистина

на 19. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП]

  Оваа куса фото-вест  е неточна. Со фотографија снимена во Турција, се дезинформира јавноста дека е овековечена несекојдневна глетка од градски автобус во Скопје. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП Датум и време на објавување:  17.09.2015, 16:19 Датум на рецензирање:  19.09.2015 Рецензент:  Оливера Војновска  

ВО АВТОБУС, АМА ВО ТУРЦИЈА!

Веста има само три реченици кои се инспирирани од фотографијата за која се тврди дека е направена во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).  Што е целосна невистина. Сликата е снимена во автобус, ама во Турција, каде се вртела на

Новинарството и приватните роденденски честитки

на 19. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години!]

  Медиумско кабадахиско однесување и присвојување на информативниот простор за лично потпикување и величење на политичка фигура. Ова „ремек-дело“ од материјал нема каква било, ама баш каква било, допирна точка со новинарство. Линк до оригиналниот напис: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години! Датум и време на објавување: 15.09.2015 Датум на рецензирање: 18.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„HAPPY BIRTHDAY MR. EX CHIEF OF SECRET POLICE“

Што да се каже за четиво кое не ги исполнува основните критериуми за информативност. Кажете каква вест е тоа дека на 15 септември бил роденденот на сега веќе поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков? Одговорот е никаква. Оваа т.н. „новина“

Односи со јавноста и новинарство не е исто

на 19. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „На Фејсбук и на нивниот веб-сајт ова е претставено како вест, иако е очебијно дека е спонзориран текст, т.е. чиста реклама“. Нашиот читател има право. Ова е реклама, а не новинарски текст. Линкуван наслов на анализираниот напис: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензирање: 18.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Дејан Џокиќ, бизнисмен од Ужице, веќе три месеца многу успешно тргува на светската берза, и во тој период заработил 3.000 евра на вложени

Оваа вест не излегла „на добро“

на 18. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Со нафтата нема да излезе на добро!]

  „Сакам кажам, не знам речам, ќе го оставам недоработено!“ Ова е она што најкратко може да се каже за оваа нејасна вест. Насловот вели „Со нафтата нема да излезе на добро!“ Ајде, нека биде така. Ама, што е тоа што немало да излезе „на добро“? За кого тоа немало да излезе „на добро“? За производителите? За потрошувачите? За планетата? Во содржината се цитира рускиот министер за енергетика, Александар Новак, кој вели „вештачкото намалување (на производството на нафта – н.з.) не носи никаква корист, само ќе ја влоши ситуацијата во иднина. Тоа може да има ефект само на краток рок.“ Добро, ајде повторно нека биде така. Ама, зошто не носи никаква

Зеколи немал никаква шанса да се огради од „Сервис за проверка на факти во медиумите“

на 17. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите]   Сè повеќе новинарите прават грешка при вршење на својата професија, кога при пребарување на интернет ги претвoраат објавите на луѓето во вести, без никаква проверка и во случаи кога тие се сосема неточни и поради тоа немаат никаква вредност. Кога социјалните мрежи се користат како единствен извор за информации во новинарството, може да се случи споделување на сомнителни, непотврдени, а со тоа и безвредни информации за да бидат професионални вести. Линк до оригиналната вест: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите Датум и време на објавување: 11.09.2015 Датум на рецензија: 13.09.2015 Рецензент: Фатљуме Дервиши Aвторот напишал еден напис кој се

Наместо информација, политичко поентирање

на 17. 09. 2015 | |
 

[Рецензии: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност]

  Овој напис е класичен пример за тоа како еден обичен настан и прес-конференција се злоупотребуваат за политичко поентирање, но не од политички субјект, туку од новинар, што апсолутно е во спротивност на Кодексот на новинари. Линкуван наслов на анализираниот напис: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност Датум и време на објавување: 14.09.2015 Датум на рецензирање: 17.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Наместо да информира за настан, авторот на овој текст одлучил политички да поентира, притоа изнесувајќи свои лични видувања и убедувајќи го читателот во нив. Кога еден новинар изнесува свои ставови и критики, тогаш, според новинарските стандарди и правила, треба да се потпише со име и со презиме и да нагласи

„Есеј-турлитава“ полн со сарказми, навреди и со омраза

на 17. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Заевото ново руво]

  Политичките мотиви кои се лансирани во овој текст се доволно очигледни. Тековната кампања за демонизација на политичкиот противник во овој случај, СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев, заокружена е во вид на пропагандна стереотипна „теревенка“ преточена во овој, како новинарска форма недефиниран текст. Се случува во сенка на завршницата на изборот на специјалниот обвинител што во корен ќе ја промени политичката клима во државата. Линк до оригиналниот напис: Заевото ново руво

Датум и време на објавување: 12.09.2015, 09:37 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Александар Писарев  

ПАРАКНИЖЕВНОСТ

Текстот има амбиции да биде паракнижевност што се гледа и од овој цитат: „Про­ѕир­на­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја на са­мо­прог­ла­се­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел го из­да­ва се­кој не­гов обид за ла­га,

Новинарски егзибиционизам и перверзија

на 16. 09. 2015 | |

[Рецензија: Кога ќе ги дигитализираме ајварот и сармата]

Големо разочарување доживеа рецензентот на оваа медиумска содржина кога остана без образложение на најавата во насловот дека постои можност да се дигитализираат ајварот и сармата – претпоставува(в)ме, заради презервацијата на овие национални кулинарски вредности. Иако предизвикуваше недоумица наднасловот кој најавува содржина од конференцијата под наслов „Дигитал 2015“ – Конференција за новите трендови во телекомуникациите и медиуми, во смисла: што бараат ајварот и сармата на конференција за телекомкуникации и за трендови, остана малку надеж дека креативноста на авторот на овој новинарски текст отишла дотаму да пронајде врска меѓу нив. За жал, кога ќе го прочитате до крај овој текст, единствено што ви останува да бидете сведок на уште еден „новинарски“ егзибиционизам кој, кон