Од него ќе биде човек, ама од овој текст не бива вистина
Објавено во Рецензии
on 19 - 09 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП]
Оваа куса фото-вест е неточна. Со фотографија снимена во Турција, се дезинформира јавноста дека е овековечена несекојдневна глетка од градски автобус во Скопје.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Од него ќе биде човек – погледнете го ова дете од автобус на ЈСП
Датум и време на објавување: 17.09.2015, 16:19
Датум на рецензирање: 19.09.2015
Рецензент: Оливера Војновска
ВО АВТОБУС, АМА ВО ТУРЦИЈА!
Веста има само три реченици кои се инспирирани од фотографијата за која се тврди дека е направена во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Што е целосна невистина.
Сликата е снимена во автобус, ама во Турција, каде се вртела на социјалните мрежи уште во април годинава. Тоа многу лесно може да се провери само се еден десен клик на илустрацијата и со користење на опцијата „Search Google for this image“.
Во написот, инаку, е наведено дека фотографијата е преземена од една забавна веб-страница (иако не е ставен линкот), каде претходно е објавена вест со слична содржина.
Тоа, пак, не ја намалува одговорноста на овој, но и на други медиуми, кои ја објавиле фотографијата без да ја проверат и потоа направиле драматична приказна.
Спротивно на добрата новинарска практика која наложува дека точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно (првиот амандман од новинарскиот Кодекс).
Или, можеби, свесно не направиле таква проверка за да привлечат што поголемо внимание и кликнувања.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
прикажува невистина
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови