verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сте слушнале за „стартап пазарни валути“? Ни јас!

on 20 - 09 - 2015       

Доларот поевтини во однос на јенот  инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД   Reporter-crop-resize

 

[Рецензија: Доларот поевтини во однос на јенот, инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД]

 

Најпрвин, една концепциска забелешка. Овде е пренесен дел од извештај за состојбите на азиските пазари на капитал во сегментот на валутните пазари. Станува збор за извештај на „Франс прес“ (АФП) од Токио, испратен по тамошното отворање на берзите во петокот наутро, додека во Европа сѐ уште е ноќ. Со оглед на ова, текстот во голема мера говори за движењето на доларот во однос на јенот, иако се спомнува и соодносот на доларот во однос на еврото, но не во Европа, туку во Јапонија. Точно е дека трговските курсеви на валутите на азиските берзи, кои од географски причини се отвораат први во текот на денот, можат да бидат некаков предвесник или репер за тоа што ќе се случува и на европските берзи (иако и не мора), но зошто е пренесен токму ваков извештај од пазари на капитал кои се далечни за нас и со кои нашата економија има многу малку врска? Зошто не е пренесен, на пример, завршниот извештај на крајот од берзанскиот ден во Европа, да видиме што се случувало на европските берзи? Тоа е она што нас нè интересира со оглед на фактот што 78-79 отсто од македонскиот извоз оди во ЕУ, а дури една четвртина во Германија? Но, добро. Да преминеме на текстот.

Доларот поевтини во однос на јенот  инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД   Reporter.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Доларот поевтини во однос на јенот, инвеститорите се нервозни по одлуката на ФЕД

Датум и време на објавување: 19.09.2015

Датум на рецензирање: 20.09.2015

Рецензент:  Владимир Петрески

„Доларот поевтини однос на јенот во петокот во Азија, откако Федералните резерви на САД ги разгореа тензиите за укинување на стапките, што предизвика загриженост за забавување на растот во Кина и кревката светската економија.“

Со овој збунувачки пасус почнува извештајот. Што значи ова „Федералните резерви на САД ги разгореа тензиите за укинување на стапките“ само Господ знае. Како тоа се укинуваат „стапки“? Кога би биле осудени само на оваа вест, би требало да се чудиме и тешко дека ќе успееме да дешифрираме што сакал авторот да ни каже. Но, со оглед на тоа што имаме повеќе извори, можеме да претпоставиме на што се мислело. Како прво, централните банкари на САД, Федералните резерви (или американскиот Фед), не укинаа никакви стапки, или уште повеќе, не направија ама баш ништо. Од нив се очекуваше (и тоа веќе втор квартал по ред) за првпат од светската рецесија во 2008-2009 година да ги зголемат основните каматни стапки, но тоа не го сторија, плашејќи се дека таквиот чекор може да влијае негативно врз американската економија – пред сѐ, намалување на извозот поради можното засилување на доларот. Исто така, со оглед на тоа што американскиот Фед не направи ништо, тој не можел ни да „предизвика загриженост за забавување на растот во Кина и кревката светската економија“.  Состојбата е обратна – централните банкари на САД не ги кренаа основните каматни стапки зашто тие се оние загрижените што кинеската економија забавува и што светската економија воопшто покажува знаци на заслабнување.

Веднаш во следниот пасус се спомнуваат „стартап пазарни валути“ за кои се вели дека паднале речиси 20 проценти во текот на изминатата година. Чекај, чекај, кои валути? „Стартап пазарни валути“? Што е тоа? Како прво што се тоа „пазарни валути“? Има и „непазарни валути“? А, зарем постојат и „стартап валути“ (без оглед дали пазарни или непазарни)? Ваков сатрап како што се „стартап пазарни валути“ никаде не постои. Се разбира, оние валути кои паднале 20 отсто во текот на минатата година се валутите на земјите во развој. И, во име на прецизноста во преводот, оригиналниот извештај на АФП, кој, како што рековме, по европско време е објавен во текот на ноќта од четвртокот кон петокот, вели дека валутите на земјите во развој биле на пат да забележат редок неделен пораст во однос на доларот, а не дека веќе го забележале таквиот пораст.

Реакциите на светските пазари на капитал по повторната одлука на американскиот Фед да не ги зголемат каматните стапки, во секој случај заслужува реакција, но далеку подобра и реакција која би имала барем индиректна допирна врска со нас овде во Македонија, што значи реакција на европските берзи и валутни пазари. Исто така, стручните написи од областа на „високите“ меѓународни финансии треба да ги преведуваат и обработуваат новинари, односно уредници со соодветно искуство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точно и неточни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести