verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Оваа вест не излегла „на добро“

on 18 - 09 - 2015       

Со нафтата нема да излезе на добро lider-crop-resize

 

[Рецензија: Со нафтата нема да излезе на добро!]

 

„Сакам кажам, не знам речам, ќе го оставам недоработено!“ Ова е она што најкратко може да се каже за оваа нејасна вест. Насловот вели „Со нафтата нема да излезе на добро!“ Ајде, нека биде така. Ама, што е тоа што немало да излезе „на добро“? За кого тоа немало да излезе „на добро“? За производителите? За потрошувачите? За планетата? Во содржината се цитира рускиот министер за енергетика, Александар Новак, кој вели „вештачкото намалување (на производството на нафта – н.з.) не носи никаква корист, само ќе ја влоши ситуацијата во иднина. Тоа може да има ефект само на краток рок.“ Добро, ајде повторно нека биде така. Ама, зошто не носи никаква корист? Што се подразбира под „вештачко намалување“? Дали „природното намалување“, пак, носи можеби некаква корист? За кој ефект на краток рок станува збор? Веста завршува со реченицата: „Новак додава дека инвестициите во тој сектор се намалени“. И ова нека биде така. И сигурно е така. Кога цените паѓаат и профитите се намалуваат, расположливите средства за инвестиции, исто така, паѓаат. Ама, што со тоа? Што значи тоа и што треба да сфатиме од оваа последна реченица? Зошто не ни е кажано што ќе се случи со намалувањето на инвестициите во овој сектор?

Со нафтата нема да излезе на добро    lider.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Со нафтата нема да излезе на добро!

Датум и време на објавување: 17.09.2015, 07:16

Датум на рецензирање: 18.09.2015

Рецензент: Владимир Петрески

Како што можеме да видиме, оваа кратка вест отвора повеќе прашања, отколку што одговара. Не е проблем новинарите да поставуваат прашања, дури и ако се неодговорени во ситуација кога одговорите се недостапни и кога прашањата треба да предизвикаат реакција од надлежните или спомнатите лица да дадат некоја информација од јавен интерес, но не е јасно зошто би требало да се објавува некомплетна, збунувачка и недовршена вест. Не за бадијала сите извори кои говорат токму на оваа тема (овде, овде, овде и овде), тоа го прават во опширни написи и во анализи. Да можело темата да се покрие во вест од неколку реда, светските медиуми сигурно не би трошеле без потреба толку простор за празен муабет.

Настрана фактот што веста вака, како што е објавена, го наведува читателот на погрешен впечаток. На пример, сѐ што дознаваме од изјавата на рускиот министер за енергетика, Александар Новак, е дека намалувањето на производството на нафта може да ја влоши ситуацијата во иднина и да има ефект на краток рок. Но, работите не се толку едноставни. Како прво, треба да се каже дека на Русија не ѝ  одговара да го намали производството зашто е подобро позиционирана од земјите во Персискиот Залив да ја прегрми кризата на ниските цени. Рускиот буџетски дефицит е планиран на 3 отсто од БДП на цена на нафтата од 60 долари за еден барел, додека оној на Саудиска Арабија со вакви цени би изнесувал 20 отсто. Потоа, Русија е во битка со САД и со Саудиска Арабија за позицијата најголем светски производител на нафта и евентуалното стекнување на ваквата позиција во иднина би ѝ овозможило зголемена економска и стратешка моќ на глобален план. Исто така, необјаснетата реченица: „Новак додава дека инвестициите во тој сектор се намалени“, значи дека ако инвестициите се намалуваат, за година-две и производството, потпомогнато со намалената глобална побарувачка, пред сѐ од Кина, ќе се намали и цените на нафтата би можеле повторно да тргнат нагоре. Да не говориме, пак, за фактот што намалувањето на производството за Русија не е толку едноставно како за Саудиска Арабија, која има еден единствен државен производител на нафта. Во Русија тоа не е така. Постојат повеќе компании кои котираат на берза и на кои не е едноставно да им се нареди да произведуваат помалку. Настрана, пак, фактот што геологијата на Сибир, заради тамошните многу ниски температури, и не дозволува на многу места прекин во експлоатацијата на нафтата или, пак, евентуалното рестартирање на производството по извесен период со себе носи значителни трошоци. Сето ова покажува дека за да се разјаснат работите, во оваа вест имало уште многу работа.

Насловот, пак: „Со нафтата нема да излезе на добро!“ е сосема надвор од контекст и од тематиката на текстот. За никакво излегување „на добро“ (ниту, пак, „на лошо“, кога сме веќе тука) не станува збор во овој текст и со тоа ваквиот наслов е бесмислен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести