verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Односи со јавноста и новинарство не е исто

on 19 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Макфакс-Дејан-Џокиќ-заработи-3.000-евра-со-вложени-300-евра-тргувајќи-на-светска-берза-од-дома-crop-resize

 

[Рецензија: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „На Фејсбук и на нивниот веб-сајт ова е претставено како вест, иако е очебијно дека е спонзориран текст, т.е. чиста реклама“. Нашиот читател има право. Ова е реклама, а не новинарски текст.

Макфакс   Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од домаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома

Датум и време на објавување: 16.09.2015

Датум на рецензирање: 18.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Дејан Џокиќ, бизнисмен од Ужице, веќе три месеца многу успешно тргува на светската берза, и во тој период заработил 3.000 евра на вложени 300 евра, тргувајќи од својата куќа. “

Во бизнисот со односи со јавноста има едно популарно тврдење – рекламирањето е скапо, текстот со пофалба е бесценет. Но, сепак, медиумите треба да прават разлика меѓу она што е новинарски текст и текст наменет за односи со јавноста.

Новинарството и односите со јавноста имаат различни принципи на дејствување, односно новинарството по дефиниција работи во интерес на јавноста, а луѓето кои се занимаваат со односи со јавноста, работат во интерес на своите клиенти. И нивната цел е да им служат токму на своите работодавци, да ги промовираат и да ги фалат по секоја цена.

Дали тоа има врска со реалноста или не, секако медиумот преку новинарски текст наменет за односи со јавноста не може да дава оценки, но, сепак, ќе се огради и во интерес на јавноста ќе назначи дека текстот е платена реклама.

Во случајов, имаме текст-реклама за кој никаде не е спомнато дека е таков, односно е пренесен како обичен новинарски текст. На тој начин, медиумот го прекршил членот 6 од Кодексот на новинари во кој јасно се наведува дека:

Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.
Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.
Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.
Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата. 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести