verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо информација, политичко поентирање

on 17 - 09 - 2015       

Жерновски-со-солзи-ја-крие-сопствената-неспособност-crop-resize

 

[Рецензии: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност]

 

Овој напис е класичен пример за тоа како еден обичен настан и прес-конференција се злоупотребуваат за политичко поентирање, но не од политички субјект, туку од новинар, што апсолутно е во спротивност на Кодексот на новинари.

Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособностЛинкуван наслов на анализираниот напис: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност

Датум и време на објавување: 14.09.2015

Датум на рецензирање: 17.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Наместо да информира за настан, авторот на овој текст одлучил политички да поентира, притоа изнесувајќи свои лични видувања и убедувајќи го читателот во нив. Кога еден новинар изнесува свои ставови и критики, тогаш, според новинарските стандарди и правила, треба да се потпише со име и со презиме и да нагласи дека станува збор за колумна или коментар. Вака пренесен, текстот наликува на партиско соопштение.

Бидејќи во текстот не е посочено конкретно за што станува збор, туку само се коментираат два настани, ред е да посочиме на што мислел новинарот. Имено, невладината „Плоштад Слобода“ го повика градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, да го запре уништувањето на Дебар-маало. Станува збор за детален урбанистички план донесен во времето на претходниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ, со кој се предвидени изградба на висококатници, проширување на улица, згради кои се наоѓаат на државно земјиште.

Од друга страна, Жерновски одговори на прес-конференција и го искажа свoјот став по ова прашање, односно посочи дека нема да гради висококатници и дека ќе ги поддржи граѓаните.

Професионален новинарски текст би бил тој во кој прво се информира читателот за што станува збор, а потоа се пренесуваат ставовите на двете страни. Наместо таков напис, во случајов имаме обид за политичка дискредитација на градоначалникот на Центар.

„После се погласното артикулирање на незадоволството од неговата импотентна работа во општината Центар и од страна на неговите довчерашни поддржувачи, Жерновски повторно се обидува преку измислување скандали да ја прикрива својата неработа и да бара оправдување за непостоењето на личен печат од неговата работа во општината во периодот април 2013-септември 2015.“

Каде е незадоволството од работата на Жерновски? Кој изразил такво незадоволство и кога? Ова се прашањата на кои треба да се одговори во текстот, кога веќе новинарот сакал да критикува. На такви изјави не е посочено со ништо. Оттука може да се извлече заклучок дека, можеби, не е вистина она што се кажува во написот. Понатаму, кои се фактите кои укажуваат на неговата „импотентна работа во општината“, односно кој го тврди тоа? На ова прашање, исто така, нема одговор.

Трето, се нагласува дека Жерновски измислувал скандали. Како тоа измислувал скандали, кога имаме официјален повик од невладина организација и став на градоначалникот, кој и точно објаснува за кој ДУП станува збор и што тој предвидува.

„Жерновски на прес-конференцијата по повод измените на ДУП-от ги пласираше редовните изговори за личниот неуспех, кои секако не се кај него, туку причините се кај другите. Тој секогаш имал чиста намера и сакал да го слушне гласот на народот, работел со граѓаните, се борел за зелени површини и имал за цел да ја спречи урбаната мафија – милозливо говори за себе градоначалникот Жерновски. А кој ќе те пофали, ако не само ти самиот?“ 

Што е ова и како да се дефинира, освен како маалски и презирачки муабет? Ова е сè, само не новинарство. Очигледно е дека се немало воопшто никаква намера да се информира читателот, туку да се манипулира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести