Рецензии

За скокотлива тема со име и презиме

на 28. 09. 2015 | |
 

[Реченица: Во Делчево има многу повеќе бугарски, отколку македонски пасоши]

  Прашањето за бројот на Македонци со двојно државјанство никогаш не било статистички позиционирано. Особено е скокотливо сознанието дека нашите граѓани бараат најчесто бугарски пасоши, кои и ги добиваат, пред сè, по влезот на источниот сосед во Унијата пред 11 години. Деновиве имавме можност да видиме еден прилог на локална телевизија од град до границата со Бугарија, кој посочува бројка и тоа низ разговор со човек кој „средува“ нашите државјани да немаат многу административни пречки во остварување на својата желба. Новото е што пред камерите излегува и еден посредник и еден корисник на таквото посредство и отворено говорат за оваа појава. Досега, такви кажувања имало само анонимно или, пак,

Промоција на дискриминација и на исламофобија

на 28. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Неколку закони поради кои Муслиманите не смеат да претнат во Јапонија]

  Рецензираме еден пропаганден материјал со јасна антиисламска обоеност, без ниту минимум запазени новинарски правила за пишување, преполн со невистини и со претерувања, без наведени извори и без каков било обид за потпирање врз факти и без оградување од искажаните невистини, па како таков не би требало да заслужи место во медиум кој држи до тоа објективно и вистинито да ги информира своите читатели. Написот отворено фаворизира негативни стереотипи, како и методи на дискриминација кон една религиозна групација, што може да се види веќе од самиот наслов. Ставен во поширок контекст во актуелниот општествен момент (криза со бегалците од исламски земји и обидите за ширење ксенофобија, особено 

Лепен, сечен, монтиран видеозапис и крајно манипулативен текст

на 28. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев]

  Овој текст не е вистинит. Повеќе наликува на козерија, иако, за волја на вистината, и од тоа е далеку. И, што е најспорно во текстот, тоа никаде не е наведено. Основно правило во новинарството е да се објавува вистината, па макар тоа да биде и на шега. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев Датум и време на објавување: 24.09.2015, 20:56 Датум на рецензирање: 25.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Во оваа најнова „Саботажа“, Среќко Поповски го анализира говорот на Заев, неговото зборување за себе во трето лице еднина и анализира што значи кога некој за себе зборува на овој начин.“

Само едната страна во веста те остава „мокар“ пред јавноста

на 28. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата]   Кога еден новинарски продукт содржи обвинување, секогаш во неговата содржина треба да биде опфатен и ставот на другата страна. Текстот што го рецензираме претставува пример за непотврдена информација. Линк до оригиналниот наслов: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензија: 21.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Текстот се базира на објавата на поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, кој ја критикувал работата на актуелниот градоначалник на Струга, Зијадин Села. „Поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, вели дека со отстранувањето на објектите од плажите во Струга ќе се оштетат само Албанците

Јасен пример за дискриминаторски наслов

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка?]

  Овој текст нема проблем со начинот на кој е напишан, туку со пораката што ја испраќа преку прашањето што го поставува авторот. Имено, насловот на овој напис поттикнува дискриминација кон Ромите. Линкуван наслов на анализираниот напис: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка? Датум и време на објавување: 17.09.2015 Датум на рецензирање: 24.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на овој текст во насловот и на почетокот од текстот наведува дека во Шуто Оризари е отворено ново, луксузно опремено училиште, но се прашува колку ќе траел таквиот луксуз? „Општината Шуто Оризари оваа година доби ново средно училиште. Училиштето е навистина луксузно опремено, одлично изгледа, но се

Новинарството не смее да биде продолжена рака на власта

на 26. 09. 2015 | |

[Рецензија: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ]

  Што работа е ова политиката, не само што е неморална, па нели велат дека е проститука, туку е и, како што покажува овој текст, строго наменска. Така, сѐ додека некој ѝ треба на елитата, него „ќе го играат“, ама кога ќе му помине рокот на траење тој, како потрошна стока, ќе биде „пуштен низ вода“. Најверојатно, тоа не е невообичаено и за држави со далеку поголема политичка култура, ама разликата е што во Македонија степенот на „пуштањето низ вода“ соодветствува на плакнење тоалетна школка. Линк до оригиналниот напис: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ Датум и време на објавување: 19.09.2015, 12:53 Датум на рецензирање: 22.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Заменик-премиерот Пешевски стана новинар – со благослов на медиум

на 24. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Драстично намалена невработеноста во општина Илинден]

  Ова е веројатно една од ретките инстанции каде што потпретседател на Владата на РМ, во овој случај, Владимир Пешевски, ги замени присутните новинари и почна да им поставува прашања на понизок функционер, градоначалник на општина и на надлежно лице во локална градинка пред ТВ-камери (и тоа во овој случај пред ТВ-камерите на втората најгледана национална комерцијална телевизија во земјата). Едноставно, во текот на давање изјава, Пешевски реши да го насочи, да го поттурне градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, со поставување прашања и со тоа да си ја преземе врз себе улогата за вршење „објективно новинарство“, како и да направи бајаги неврзан муабет со надлежно лице на локалната градинка, која во

Нецитирањето на изворот е непрофесионален чин

на 24. 09. 2015 | | sq
  [Рецензија: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против]   Присвојувањето на туѓите текстови без цитирање и без дозвола од авторот не само што е непрофесионален чин, туку и неетички. Копирањето и присвојувањето ги избледуваат довербата, влијанието и перцепцијата за медиумот од страна на колегите и граѓаните. Особено денеска, кога исчезнале сите фрагментации на албанската јавност во Македонија и кога, речиси без исклучок, сите ги читаат и ги следат како медиумите на албански јазик, така и тие на македонски јазик. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против Датум и време на објавување: 09.09.2015 Датум на рецензија: 15.09.2015 Рецензент: Бењамин Арифи Написот што го рецензираме, всушност, е целосна копија од написот

Нема извор, нема име и презиме, ама затоа има пропаганда

на 24. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!]

  Вакви текстови со теории на заговор се речиси секојдневна практика на овој портал. Притоа, никогаш не се води сметка за тоа да биде адекватно спакувано или во некоја посебна рубрика со некаква назнака од типот „верувале или не“. Но, напротив, овие текстови секогаш се ударни, во рубриката „актуелни вести“ и постојано се поддржани на „Фејсбук“. Значи целта на ова четиво е да шири пропаганда и воопшто не се грижи за новинарството или професионалните стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја

Користење на бегалската криза за ширење исламофобија

на 24. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Муслиманите во Германија со петиција за неодржување на Октоберфест!]

    Порталот „Фаланга“, кој има свој домицил во Австралија, а е главно насочен кон македонска публика, објави деновиве писмо на некоја муслиманска организација од Минхен. Писмото, кое има форма на некаква мини-петиција, покажува анимозитет кон „Октоберфест“ и се бара тој да не се одржува повеќе, бидејќи ги навредувал муслиманите. Тоа писмо, според изворот на информацијата (индиректно и според „Фаланга“, која му дава внимание) треба да посведочи за претензиите на „дојденците“ во оваа земја да ги расипуваат типичните форми на забава на домицилното население, во рамки на постојниот антибегалски тренд, кој, секако, ги има зафатено европските земји. Имаме пример на ширење исламофобија, со намерно пренагласување евентуална опасност, особено ако