verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јасен пример за дискриминаторски наслов

on 28 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Колку-ќе-трае-луксузот-во-новото-средно-училиште-во-Шутка-Kalimero.mkKalimeromk-crop-resize

 

[Рецензија: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка?]

 

Овој текст нема проблем со начинот на кој е напишан, туку со пораката што ја испраќа преку прашањето што го поставува авторот. Имено, насловот на овој напис поттикнува дискриминација кон Ромите.

Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка    Kalimero.mkKalimero.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка?

Датум и време на објавување: 17.09.2015

Датум на рецензирање: 24.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Авторот на овој текст во насловот и на почетокот од текстот наведува дека во Шуто Оризари е отворено ново, луксузно опремено училиште, но се прашува колку ќе траел таквиот луксуз?

„Општината Шуто Оризари оваа година доби ново средно училиште. Училиштето е навистина луксузно опремено, одлично изгледа, но се прашуваме: „Колку ли ќе трае неговата убавина?““

Од каде потребата за вакво прашање? Очигледно е дека авторот ги дискриминира Ромите, па оттука, и поттикнува дискриминација кон оваа заедница. Во нашето општество постојат стереотипи од типот „валкан си како Ром“, па сигурно ваквиот стереотип е и повод за ваквиот однос на авторот.

Се наметнува прашањето дали, ако во која било друга скопска општина беше изградено вакво ново и луксузно училиште, новинарот ќе го поставеше истото прашање? Секако, не.

Медиумите кај нас многу често произведуваат зборови и претстави што повредуваат. Негативните стереотипи создаваат негативни предрасуди кон одредени поединци поради нивната поинаквост. Во најголем број случаи, дискриминаторското однесување е поттикнато од негативни предрасуди, што е и случајот со овој напис.

На овој начин, новинарот го прекршил и членот 10 од Кодексот на новинарите во кој јасно се наведува дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Медиумите и медиумските професионалци мора да сфатат дека ја имаат една од главните улоги во борбата против дискриминацијата и во надминувањето на општествените стереотипи. Токму затоа, новинарите не треба да се служат со форми и со написи од овој тип.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести