verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема извор, нема име и презиме, ама затоа има пропаганда

on 24 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-begalci-crop-resize

 

[Рецензија: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!]

 

Вакви текстови со теории на заговор се речиси секојдневна практика на овој портал. Притоа, никогаш не се води сметка за тоа да биде адекватно спакувано или во некоја посебна рубрика со некаква назнака од типот „верувале или не“. Но, напротив, овие текстови секогаш се ударни, во рубриката „актуелни вести“ и постојано се поддржани на „Фејсбук“. Значи целта на ова четиво е да шири пропаганда и воопшто не се грижи за новинарството или професионалните стандарди.

recenzija begalciЛинкуван наслов на анализираниот напис: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!

Датум и време на објавување: 19.09.2015
Датум на рецензирање: 23.09.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев

Да почнеме по ред.

Овој текст нема никаков извор. Се гледа дека станува збор за преведен текст, најверојатно од хрватски медиум (тематиката е за бегалците кои пристигнуваат во Хрватска), ама никаде нема ниту од кој медиум е преземно, ниту некоја друга поблиска назнака.

Втората работа која боде очи е тоа што нема име на човекот што ја правел оваа репортажа. Дали е тоа новинар? Или е некој случаен минувач, кој доставил своја слика за настаните? Можеби е некое лице од службите задолжени за бегалците во Хрватска? Изгледа како репортажа од терен, но нема ниту локација, место каде е направена. На кој граничен премин? Дали е на железничка станица? На автопат? Нема никаква точна одредница.

Текстот е, всушност, раскажана приказна која нема име и презиме. Има само една теза – дека бегалците се дојдени во Европа за да направат некаква беља. А, од тоа нема ништо конкретно? Каде се фактите за тоа? Има член на некоја организација која е инволвирана во оваа ујдурма? Во текстот тоа не може да се види. Значи, целата теза се црпи од изјава на анонимен „репортер“.

Tекстот не може да се вметнe во веродостојни написи, нема извор и не е содржаен.
За тој да биде комплетен, требало барем да се има малку критички осврт кон оваа преведена „репортажа“ затоа што е еднострана. Во неа ги нема страдањата на бегалците, децата… Тоа дека тие ги напуштиле своите домови, замислете, од ужасна војна?! Тие не бегаат од убавини, ниту од тоа, како што сака да се каже во текстот, со умисла за нарушување на мирот во Европа.

Ова е текст кој нема никаква смисла. Нема извор, не може да се потврди дека е вистинит и веродостоен, не е содржаен и зад него се кријат мотиви за напад врз мигрантите и за правење атмосфера во Македонија за ширење омраза кон нив. Сите овие моменти, пак, се спротивни на новинарските стандарди. Затоа овој текст нема никаква новинарска тежина, туку е само хартија испишана со една цел – пропаганда.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести