verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Само едната страна во веста те остава „мокар“ пред јавноста

on 28 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата]

 

Кога еден новинарски продукт содржи обвинување, секогаш во неговата содржина треба да биде опфатен и ставот на другата страна. Текстот што го рецензираме претставува пример за непотврдена информација.

strugaЛинк до оригиналниот наслов: Општината ќе ги руши само објектите на Албанците на плажата

Датум и време на објавување: 16.09.2015

Датум на рецензија: 21.09.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Текстот се базира на објавата на поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, кој ја критикувал работата на актуелниот градоначалник на Струга, Зијадин Села.

„Поранешниот кандидат за пратеник од редовите на ДПА, Зија Јонузи, вели дека со отстранувањето на објектите од плажите во Струга ќе се оштетат само Албанците и дека ова акција ќе заврши како акцијата против киосците, каде што оштетени беа само Албанците.“

Новинарот не се обидел во текстот да ја обезбеди и втората страна, која во овој случај се критикува, за да ја направи веста целосна. Тој треба да им даде можност на двете страни да ги искажат своите ставови, особено во случаите кога една страна обвинува, а втората е објект на критиката.

Дури, новинарот не понудил никаков доказ, а, исто така, би било коректно да наведе дека веста е непотврдена.

Како таква, веста се смета за нејасна, непотврдена и за еднострана. Јавноста останува неинформирана и испаѓа дека медиумот е тенденциозен, иако можеби немал таква намера.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести