verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лепен, сечен, монтиран видеозапис и крајно манипулативен текст

on 28 - 09 - 2015       

sabotaza-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев]

 

Овој текст не е вистинит. Повеќе наликува на козерија, иако, за волја на вистината, и од тоа е далеку. И, што е најспорно во текстот, тоа никаде не е наведено. Основно правило во новинарството е да се објавува вистината, па макар тоа да биде и на шега.

sabotazaЛинкуван наслов на анализираниот напис: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев

Датум и време на објавување: 24.09.2015, 20:56

Датум на рецензирање: 25.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Во оваа најнова „Саботажа“, Среќко Поповски го анализира говорот на Заев, неговото зборување за себе во трето лице еднина и анализира што значи кога некој за себе зборува на овој начин.“

Толку категорично овој напис тврди дека ова е нова „Саботажа“, што е просто неверојатно. А што е вистината?

Од еден од последните прилози на новинарот Среќко Поповски (види овде) е симнат дел од неговиот говор и е вметнат во нова монтирана, сечена и лепена видеообјава за која се тврди дека е оргинална.

„Среќко Поповски во оваа „Саботажа“ тврди дека токму говорот во трето лице еднина на Заев е доволен „дури и за невнимателниот гледач да ја деконструира фасадата позади која се крие лице со сериозна количина на несигурност“.“

Написот и понатаму оди со истата теза. Во овој пасус се вели: Среќко Поповски во оваа „Саботажа“ тврди. А, всушност, не тврди новинарот, туку тврди видеозаписот кој е монтиран.

Местенката се гледа и на јутјуб-каналот на кој е поставен видеозаписот, кој не е од каналот на телевизија „Алсат-М“ и од емисијата „360 степени“, каде се емитува „Саботажа“, туку е ставена преку нов канал наречен „стави видео“.

Сè на сè, овој текст е невистинит. Згора на тоа, пак, наместо на крајот од текстот да се напомене дека се работи за шега, категорично се завршува со тврдење дека, сепак, емисијата е на Среќко Поповски. Текстот е ставен во рубрика „Македонија“ што е уште еден голем минус за написот. На крајот, може да се заклучи дека овој текст не смеел да се појави во ваква форма.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести