verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За скокотлива тема со име и презиме

on 28 - 09 - 2015       

Во Делчево има многу повеќе бугарски  отколку македонски пасоши-crop-resize

 

[Реченица: Во Делчево има многу повеќе бугарски, отколку македонски пасоши]

 

Прашањето за бројот на Македонци со двојно државјанство никогаш не било статистички позиционирано. Особено е скокотливо сознанието дека нашите граѓани бараат најчесто бугарски пасоши, кои и ги добиваат, пред сè, по влезот на источниот сосед во Унијата пред 11 години. Деновиве имавме можност да видиме еден прилог на локална телевизија од град до границата со Бугарија, кој посочува бројка и тоа низ разговор со човек кој „средува“ нашите државјани да немаат многу административни пречки во остварување на својата желба. Новото е што пред камерите излегува и еден посредник и еден корисник на таквото посредство и отворено говорат за оваа појава. Досега, такви кажувања имало само анонимно или, пак, го немало и тоа – сè било обвиено со претпоставки.

Во Делчево има многу повеќе бугарски  отколку македонски пасошиЛинк до оригиналниот напис: Во Делчево има многу повеќе бугарски, отколку македонски пасоши

Датум на објавување: 24.09.2015 17:16

Датум на рецензирање: 26.09.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Во Делчево над 70% од населението има бугарски пасоши, но се зголемува и бројот на лицата со бугарски пасоши и во Пехчево и Берово, но и Виница, Кочани Штип. Сепак, најмногу бугарски пасоши се издадени на струмичани и охриѓани.
Делчевецот Делчо Гошев кој веќе 15 години посредува за вадење бугарски пасоши, вели дека интерес за бугарски пасоши од секогаш имало. ’Најмногу се земаат пасоши од економски причини, но јас имам и луѓе кој се познати политичари, директори, лекари овде работаат, но сепак сакаат друг пасош и се свесни дека да се користата правата на дрига држава е благодетна работа’, изјави Делчо Гошев.“

Ова е карактеристичен дел од тој прилог, кој може на посочениот линк да се види и во видеоформа, каде гледаме дека Источна Македонија е, просто, преплавена од „спасоносното решение“, кое значи поседување на овој идентификациски документ. Прилогот, инаку, содржи и кус преглед на содржината на еден прашалник за „бугарскиот происход“ на барателот, кој е секако можеби најважниот момент во реализацијата на идејата.

Сведокот пред камера, кој не ја крие и цената на услугата, говори дека многу важни јавни личности од Македонија го поднеле тоа барање, ама немале социјални мотиви, бидејќи егзистенцијалните прашања им се решени тука(!). Пред камерите говори и еден надничар кој со овој пасош навистина се бори за гол живот и кој кажува дека во Макеоднија не може да замисли дека може да најде работа, а дека со бугарскиот пасош во западните земји на Европа успева некако да преживее, давајќи ги и ценовниците за кои се аргатува, што е, исто така, една новина за просечниот гледач.

Освен што прилогот се базира на јасни и на репрезенативни факти, тој е доста „телевизичен“ во однос на користењето на времето (кажува многу за релативно кусо време) и непретенциозен и го одбегнува потенцијалниот сензационализам, бидејќи ако некои други телевизии дошле до вакви отворени соговорници, веројатно е дека би удриле „на големи барабани“.

Прилогот не е преземен од други куќи, иако е многу атрактивен и несекојдневен, во што, главно, треба да се гледа некаков политички контекст – ова секако не е добра слика за земјава и за актуелната власт!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

Нема прецизен број на добитници на бугарски пасош од земјава

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

Недостасуваат податоци кои не ги даваат бугарските власти

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Се работи за тв прилог

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести