verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цел куп имагинарни пари

on 28 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ttp___sitel.com_mk_17-milijardi-ev-crop-resize

 

[Рецензија: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија]

 

Единствениот проблем со овој материјал е грешката во насловот „тешка“ 17 милијарди ерва! Гледачот останува просто фрапиран од износот (во евра) што се споменува во најавата на прилогот, а кој, наводно, треба да го поделат Македонија и Србија.

Сепак, нема место за возбуда, во прашање се илјада пати помалку пари!

ttp___sitel.com.mk_17-milijardi-evЛинк до оригиналниот напис: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија

Датум и време на објавување: 23.09.2015,  16:26

Датум на рецензирање: 25.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

НАМЕСТО МИЛИОНИ – МИЛИЈАРДИ

Имено, финансиката помош од Европската унија за Македонија и за Србија за решавање на мигрантската криза, нема врска со фантастичната сума која ѝ се соопштува на публиката при најавувањето на информацијата.

Двете земји, всушност, треба да добијат 17 милиони евра помош за справување со проблемот со бегалците.

Но, што  значи во конкретниот случај превидот од три нули во насловот (бројката воопшто не се споменува во содржинскиот дел на текстот)?

Како илустрација за тоа колку пари се 17 милијарди евра може да послужи буџетот на Р.Македонија за 2015 година од 163.280.000 денари, односно околу 2,7 милијарди евра. Тоа е за 6,5 пати помалку од сумата во бомбастичната најава на прилогот што го рецензираме, каде милионите со леснотија стануваат милијарди.

Па, независно што тоа, најверојатно, е сторено од брзање при правењето на вестите, не ја намалува одговорноста на медиумот, кој фактички пласира неточна информација.

Ваквото невнимание е недозволиво, особено кога се работи за важни вести објавени на телевизија со национална концесија.

П.С. И пет дена по објавувањето на прилогот се погрешен наслов, на денот на објавувањето на оваа рецензија, грешката во насловот сè уште не е поправена.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

неточен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести