verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецитирањето на изворот е непрофесионален чин

on 24 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против]

 

Присвојувањето на туѓите текстови без цитирање и без дозвола од авторот не само што е непрофесионален чин, туку и неетички. Копирањето и присвојувањето ги избледуваат довербата, влијанието и перцепцијата за медиумот од страна на колегите и граѓаните. Особено денеска, кога исчезнале сите фрагментации на албанската јавност во Македонија и кога, речиси без исклучок, сите ги читаат и ги следат како медиумите на албански јазик, така и тие на македонски јазик.

LSDM kërkon 12 zëvendës prokuror special  VMRO është kundërЛинк до оригиналниот наслов: СДСМ бара 12 заменици на специјалниот обвинител, ВМРО е против

Датум и време на објавување: 09.09.2015

Датум на рецензија: 15.09.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Написот што го рецензираме, всушност, е целосна копија од написот објавен на интернет-страницата на телевизијата „24 Вести“. Веста само е преведена од македонски на албански јазик и со ниту еден збор не е наведен оригиналниот извор на веста. Напротив, новинарот ја присвојува веста, како да ја напишал самиот, и се обидува да ги присвои заслугите за понудените информации.

„Дванасет заменици обвинители на кои инсистира опозициајата да работат со специјалниот јавен обвинител на аферата „Прислушување“ и случајот „Пуч“ и тврдењето на власта дека тоа е излегување надвор од рамката на договорот од Пржино, но и противуставно барање и натаму е клучното несогалсување во преговорите за  избор на специјалниот обвинител, пренесува журнал.мк“

Ваквите постапки оставаат горчлив вкус врз репутацијата на медиумот, но го повредуваат и личниот и професионалниот интегритет на самиот новинар. Од етички и од морален аспект, новинарот треба да ги почитува колегите, но уште повеќе читателите и јавноста на која ѝ се обраќа. Не само тоа, туку присвојувањето туѓи текстови без цитирање носи и законски последици, поради законската заштита на авторските права.

Од друга страна, кога јавноста знае неколку јазици, многу е лесно да се забележи кога веста не е цитирана.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести