Рецензии

И со навреди ако треба – за да се скрие вистината!

на 2. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Најчевска пролупа тотално-повикајте лекар!]

  Кога ученик ја промашува темата зададена од професорот за писмена работа по мајчин јазик поради тоа што не ја разбрал, добива единица, а кога новинар погрешно ќе разбере настан за кој пишува и комплетно ќе ја „промаши темата“, тоа отприлика личи на текстот што сега го рецензираме. Навистина, за овој напис има многу што да се каже – од тоа дека е преполн со отворени навреди, упатени кон конкретна личност со име и со презиме, професорката Мирјана Најчевска, преку тоа дека е лош обид за осврт како вид на новинарско изразување, има приземен стил со конфузни реченици, користи евтина иронија, пазарџиски вокабулар, сè до покажано скромно познавање на граматиката – но, сите овие

Веста не ја сочинува само едната страна

на 2. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Адили: Ќе ја уништиме ДУИ, започнуваме соработка со Движењето БЕСА]

  Основно правило на професионалното новинарство е дека во една вест никогаш не треба да се дозволи да не биде опфатена втората страна. Доколку новинарот го прекрши етичкиот кодекс, не претставувајќи ја и втората страна, веста се перцепира како еднострана. Веста што ја рецензираме е базирана на изјавата на само еден човек. „Актуелниот пратеник на ДУИ, Зулфи Адили вели дека, на новата партија „Унитети“ ќе ѝ се приклучат голем број членови на партијата на Али Ахмети. „Потписници за формирањето на новата партија се голем број на членови на највисокиот орган на ДУИ, Централниот одбор, односно сите тие кои што се разочарани од фактот дека партијата на Ахмети не

За настани од интерес не треба да се оставаат претпоставки

на 2. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка]

  Јавноста од новинарите очекува проверени вести, со факти што потекнуваат од два или повеќе извори, а не од типот „најверојатно“. Линк до оригиналниот наслов: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум не рецензија: 22.09.2015 Рецензент: Џенис Сулимани Новинарскиот продукт што го рецензираме вели дека „Кумановската група“, најверојатно, ќе биде опфатена во материјалите на новата специјална обвинителка. Новинарот не нуди никаков конкретен факт со кој би се потврдила можноста ова група да биде опфатена во истражувањата на новата обвинителка. Тој понатаму се обидува насловот да го поткрепи со средбата помеѓу обвинителката Јанева со министерот за правда, Аднан Јашари. „За ова прашање, специјалната

Од околу, па на ќоше за да се каже дека опозициjата не чини

на 1. 10. 2015 | | sq
 

[Рецезнија: Соросовите медиуми манипулираат со „отворено“ писмо кое никој не го видел]

  На прв поглед имаме текст насочен кон означување медиуми во стилот на партиско соопштение од владеачката партија. Подетален преглед на текстот го потврдува ваквиот впечаток создаден од коментаторскиот наслов. Единствено нешто што може да помине како новинарска компонента се таканаречените „бекграунд“ или технички информации, но и тие се користат за остварување пристрасен спин.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Соросовите медиуми манипулираат со „отворено“ писмо кое никој не го видел Датум и време на објавување: 27.09.2015 Датум на рецензирање: 29.09.2015 Рецензент: Александар Пешев Единствениот новинарски елемент во оваа објава се првите неколку редови. Со право авторот поставува сосема солидно прашање: ако станува збор за отворено писмо, тогаш

Кој сака да профитира од манипулативни статистики? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели]

  Ова е четиво-алиби, наменски создадено како некаква си медиумска одбрана на власта по серијата сообраќајни несреќи со трагичен епилог. Покрај ова, текстот има и друга „вродена маана“ – се расфрла со бројки и со статистика без да се наведе кој е изворот, а по проверката лесно се утврдува дека имаме невиден микс од документи и од извештаи од различни години!!! Линк до оригиналниот напис: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели Датум и време на објавување: 27.09.2015, 17:26 Датум на рецензирање: 29.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОРКЕСТРИРАНО, ДИРИГИРАНО, СИНХРОНИЗИРАНО „НОВИНАРСТВО“

Имаме проблем и тоа

Наменски текст во кој жртвите на пешачките премини на скопските улици се маргинализирани, речиси невидливи

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација]

  Овој прилог е правен без никаква новинарска диоптрија. Тој, наместо да го штити јавниот интерес и да пренесе чиста, политички необременета и точна информација, целосно се става во одбрана на градоначалникот на Скопје. Линк до оригиналниот напис: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација Датум и време на објавување: 27.09.2015, 16:47 Датум на рецензирање: 28.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

ФАЛБИ БЕЗ СРАМ!

Медиумската содржина што ја рецензираме не се потпира на факти, туку во неа наменски се нафрлани паушални податоци, без да се посочи конкретен извор и без да се поткрепат изнесените тврдења. Нејзиниот автор, дури, има амбиции да ја претстави како анализа,

Повредата на приватноста без докази претставува законски и етички престап

на 29. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Поранешниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат“ со неговата секретарка]

  Уште една рецензија на напис што нема ниту еден извор, ниту еден доказ. Овој текст го валка името на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, без ниеден конкретен доказ за тоа за што го обвинува. Линк до оригиналниот напис: Пораненшниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат„ со неговата секретарка Време на објавување: 19/09/2015 Датум на рецензија: 21/09/2015 Рецензент: Бењаним Арифи „Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошовски, фатен во љубовна вркса со неговата секретарка“, вели авторот. Ова информација ризикува да добие тужба за клевета и за нарушување на угледот, што е предвидено со член 6 од Законот за граѓанската одговорност

Вулгарзизирање, упростување на туѓа поента и нејзино претворање во „летна манџа“

на 29. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува]

  „Петпарачко четиво“, без каква било поента, ниту, пак, информативна компонента. Напишано туку-така зашто некому тоа му било по ќеф. Насилно наметнување на „промената на стајлингот“ на лидерот на опозицијата како особено важна тема за општеството или, пак, некаква насока за идниот политички дискурс во земјава. Но, да не правиме грешка, ова не е глуп напис, туку наменски текст, чии коментари ја откриваат неговата политичко-партиска заднина. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Трајковска му кажа дека е сељак, па Заев почна да се дотерува Датум и време на објавување: 21.09.2015, 09:42 Датум на рецензирање: 27.09.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

КОГА „СТАЈЛИНГОТ“ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Ова

Несериозен текст со атрактивен наслов

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак]

  Овој текст не исполнува ниту еден новинарски стандард. Нема извори, нема факти, нема изјави, нема ништо. Има само атрактивен наслов и ништо повеќе. Линкуван наслов на анализираниот напис: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак Датум и време на објавување: 18.09.2015 Датум на рецензирање: 28.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Секоја втора сабота река луѓе оди во Мачва во манастирот Илиње во близина на Шабац, каде што неговиот игумен Исаија со молитви ги лекува најсериозните болести и ги истерува демони од опседнатите.“ Уште на почетокот, текстот е несериозен, особено зашто станува збор за лекување сериозни болести со помош на молитви и со истерување демони.

Цел куп имагинарни пари

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија]

  Единствениот проблем со овој материјал е грешката во насловот „тешка“ 17 милијарди ерва! Гледачот останува просто фрапиран од износот (во евра) што се споменува во најавата на прилогот, а кој, наводно, треба да го поделат Македонија и Србија. Сепак, нема место за возбуда, во прашање се илјада пати помалку пари! Линк до оригиналниот напис: 17 милијарди евра помош за Македонија и Србија Датум и време на објавување: 23.09.2015,  16:26 Датум на рецензирање: 25.09.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

НАМЕСТО МИЛИОНИ – МИЛИЈАРДИ

Имено, финансиката помош од Европската унија за Македонија и за Србија за решавање на мигрантската криза, нема врска со фантастичната сума која ѝ се соопштува на публиката при најавувањето