Веста не ја сочинува само едната страна
Објавено во Рецензии
on 2 - 10 - 2015 Автор: Adrian Kerimi
[Рецензија: Адили: Ќе ја уништиме ДУИ, започнуваме соработка со Движењето БЕСА]
Основно правило на професионалното новинарство е дека во една вест никогаш не треба да се дозволи да не биде опфатена втората страна. Доколку новинарот го прекрши етичкиот кодекс, не претставувајќи ја и втората страна, веста се перцепира како еднострана. Веста што ја рецензираме е базирана на изјавата на само еден човек.
„Актуелниот пратеник на ДУИ, Зулфи Адили вели дека, на новата партија „Унитети“ ќе ѝ се приклучат голем број членови на партијата на Али Ахмети. „Потписници за формирањето на новата партија се голем број на членови на највисокиот орган на ДУИ, Централниот одбор, односно сите тие кои што се разочарани од фактот дека партијата на Ахмети не смогна сили да се декриминализира“, изјавил Адили за Дневник.“
Линк до оригиналниот напис: Адили: Ќе ја уништиме ДУИ, започнуваме соработка со Движењето БЕСА
Датум и време на објавување: 21.09.2015
Датум на рецензија: 21.09.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Секогаш кога новинарот пишува, за секој напишан ред, треба да се запраша како да ја убеди јавноста дека тоа што го пишува е вистинито. На кои докази да се базира и како да ја потврди веродостојноста на наводите? Ова особено е неопходно кога имаме парафразирање.
„Адили вели дека нивните обиди за да ја реформираат партијата од штетните елементи не дале резултати, пренесува новинската агенција ИНА. Тој истотака истакнал дека се во контакт со Движењето Беса за создавање опозициски фронт на Албанците во Македонија. (ИНА)“
Движењето „Беса“, како цитирана страна во овој напис, не е елемент што може да се заобиколи. Новинарот е обврзан барем да побара официјален став околу гласините дека нив ги очекува соработка со новото политичко движење.
Секоја вест треба да ги опфати сите страни, а тоа е уште поважно кога се работи за настан што побудува голем интерес кај јавноста.
Другиот дел од веста, почнувајќи од цитираните извори, па сè до тоа како е уреден текстот и неговиот стил, е во ред. Текстот е читлив и во него се употребени солидни мултимедијални елементи.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови