verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И со навреди ако треба – за да се скрие вистината!

on 2 - 10 - 2015       

 

000-Mediamk-Najcevska-Final-000-crop-resize

[Рецензија: Најчевска пролупа тотално-повикајте лекар!]

 

Кога ученик ја промашува темата зададена од професорот за писмена работа по мајчин јазик поради тоа што не ја разбрал, добива единица, а кога новинар погрешно ќе разбере настан за кој пишува и комплетно ќе ја „промаши темата“, тоа отприлика личи на текстот што сега го рецензираме. Навистина, за овој напис има многу што да се каже – од тоа дека е преполн со отворени навреди, упатени кон конкретна личност со име и со презиме, професорката Мирјана Најчевска, преку тоа дека е лош обид за осврт како вид на новинарско изразување, има приземен стил со конфузни реченици, користи евтина иронија, пазарџиски вокабулар, сè до покажано скромно познавање на граматиката – но, сите овие елементи едноставно паѓаат во втор план пред едноставниот факт дека не е разбрано она што се коментира! Поради тоа, освен што треба да биде оквалификуван како вулгарен напад врз интегритетот на професор Најчевска, овој напис останува нем сведок на немање капацитет да се разбере политичка пародија како облик на граѓански активизам и користењето на апсурдот како стилски израз. Или е, пак, пресметан јавен атак врз личност која важи за неистомисленик на власта.

000-Mediamk-Najcevska-Final-000Линк до оригиналниот напис: Најчевска пролупа тотално-повикајте лекар!

Датум и време на објавување: 26.09.2015, 23:36

Датум на рецензирање: 30.09.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Во написот фактите се користат само во функција на поставувањето и на развивањето на тезата дека професор Најчевска е е егоцентричен егзибиционист штом се одлучила да игра во една театарска престава како балерина, иако ги нема потребните квалификации и не одговара на улогата. Нејзиниот јавен настап во овој напис е оквалификуван како нејзин обид по секоја цена да привлече внимание за своја лична промоција и по цена да биде смешна, манипулирајќи со делови и од нејзиниот фејсбук-статус и намерно не пренесувајќи го во целост статусот, во кој таа, всушност, ги дава мотивите за ваквиот нејзин јавен настап:

„Викајте ме Маја Плисецкаја (позната руска балерина, н.з.) . Кога Катица Јанева ја нарекувате специјален јавен обвинител, кога Тодоров го нарекувате министер за здравство, кога Ѓорѓе го нарекувате претседател на држава, кога Груевски го нарекувате премиер, кога Миленко го нарекувате новинар, кога Адеми може да биде министер за образование, кога Латас го нарекувате професор, кога Караѓозоска ја нарекувате амбасадорка, кога Миновски може да биде претседател на Комисија за заштита од дискриминација, кога … јас мислам дека заслужувам да бидам наречена балерина.
Се пријавив на конкурс и бев избрана како најдобра балерина меѓу сите кои се пријавија. Поразговарав и со неколку луѓе со кои требаше да се поразговара и многу се изненадив кога ме избраа мене.
Верувам дека ќе бидете многу позитивни и ќе ми дадете шанса. Целта ми е Бољшој театар.“

Најчевска, во своето гостување на телевизија „Алсат“ токму по повод овој свој јавен настап и нападите што потоа уследија, истакна дека е уверена дека нејзиниот гест е сосема добро разбран од нејзините критичари, но дека се работи за обид за дефокусирање на јавноста од она што таа сакала да ѝ го каже на јавноста во Македонија, а тоа е дека живееме во општество каде депрофесионализацијата постои во сите сфери.

„Внесување на лаицизмот онаму каде што е потребна професионалност значи отсуство на одговорност. Ако некој нема знаење и вештини за она што го прави, автоматски не може ни да чувствува одговорност. Имаме не политичка туку инситуционална криза во која стана нормално наместо да имаме професионални балерини како Маја Плисецкаја, ние имаме Најчевски да играат на политичката и правната сцена“,

рече Најчевска. Професор Најчевска, инаку, е доктор по правни науки, професор на постдипломските студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ во Скопје, експерт по човекови права и членка на многу меѓународни тела, меѓу другото и на ОН за прашања од доменот на човековите права и слободи.

Единствен извор на информации, користен во написот, е истиот фејсбук-статус на Најчевска, но искористен на еден крајно манипулативен начин, вадејќи делови од контекст за мамење на читателската публика и за постигнување поента.

Несеопфатноста на текстот не мора посебно да се нагласува, таа е видлива веќе на прв поглед, исто како и прикривањето информации.

Манипулацијата на вистината, нејзиното извртување тука е во исклучива функција на „аргументација“ за негативните квалификации и навреди испорачани на адреса на Најчевска и тоа во непотпишан текст. Тука е и насловот, кој сам по себе е компримат на навредите „Најчевска пролупа тотално-повикајте лекар!“, неписмен, полн со злоба и со нескриена алузија за менталното здравје на професорката. И тој, како и целиот напис, е јасно насочен кон дискредитација на личноста на професорката Мирјана Најчевска.

„Каква е таква е, но сепак е човек на кој му треба помош,“

извика авторот и – остана жив! Тешко дека и меѓу читателите на кои им се обраќа со овој навредлив и срамен текст ќе најде истомисленици, на кои не им е јасна пораката на професорката Најчевска со балетскиот настап, ниту нејзините мотиви за искажување граѓански протест и кои ќе ги прифатат аргументите на ова писание, кое според ниту еден критериум не заслужува да биде наречен новинарска творба.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести