verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За настани од интерес не треба да се оставаат претпоставки

on 2 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка]

 

Јавноста од новинарите очекува проверени вести, со факти што потекнуваат од два или повеќе извори, а не од типот „најверојатно“.

download (4)

Линк до оригиналниот наслов: И „Кумановската група“ во рацете на Специјалната обвинителка

Датум и време на објавување: 16.09.2015

Датум не рецензија: 22.09.2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Новинарскиот продукт што го рецензираме вели дека „Кумановската група“, најверојатно, ќе биде опфатена во материјалите на новата специјална обвинителка. Новинарот не нуди никаков конкретен факт со кој би се потврдила можноста ова група да биде опфатена во истражувањата на новата обвинителка.

Тој понатаму се обидува насловот да го поткрепи со средбата помеѓу обвинителката Јанева со министерот за правда, Аднан Јашари.

„За ова прашање, специјалната обвинителка разговарала во средата, на средбата со министерот за правда, Аднан Јашари, соопштува РТК.“

Меѓутоа, во текстот нема ниту една изјава од учесниците на средбата за да се потврди тоа што го претпоставува новинарот. Затоа, новинарот треба да наведе дека информацијата е непотврдена. Новинарот може да објави нешто за што и нема многу докази, но за што има доволно индикации дека е веродостојно, односно за што постои основан сомнеж. Основано сомневање подразбира претставување на аргументите кои се разумни и се индикација дека нешто е вистинито, без да се има конкретни докази за веродостојноста.

Проверката и точноста се морален императив на новинарството, според етичкиот кодекс на новинарите. И во овој случај, за еден настан кој побудува интерес кај јавноста, требало да се земат изјави за да се потврдат информациите.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести