Повредата на приватноста без докази претставува законски и етички престап
Објавено во Рецензии
on 29 - 09 - 2015 Автор: Benjamin Arifi
[Рецензија: Поранешниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат“ со неговата секретарка]
Уште една рецензија на напис што нема ниту еден извор, ниту еден доказ. Овој текст го валка името на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, без ниеден конкретен доказ за тоа за што го обвинува.
Линк до оригиналниот напис: Пораненшниот македонски министер за надворешни работи фатен во „мат„ со неговата секретарка
Време на објавување: 19/09/2015
Датум на рецензија: 21/09/2015
Рецензент: Бењаним Арифи
„Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошовски, фатен во љубовна вркса со неговата секретарка“, вели авторот.
Ова информација ризикува да добие тужба за клевета и за нарушување на угледот, што е предвидено со член 6 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда.
Згора на тоа, информацијата е преземена од друг портал и е пласирана како таква без да се размисли за проверка на истата. Професионалниот новинар првично би побарал начин за да ја потврди информацијата, а дури потоа би го напишал текстот, но без да наведе детали кои би можеле да се сметаат за коментари или озборувања, бидејќи новинарството не се занимава со озборувања кои некому може да му ја загрозат фамилијарната хармонија.
Колку и да имаме можност како новинари да пишуваме и да зборуваме за луѓето што имаат јавни функции, секогаш треба да се разграничи тоа што може и што не може да се напише, да се размисли трипати и да се провери трипати, а потоа да се објави нешто што засегнува директно некоја личност.
Повредата на приватноста, како на јавните така и на приватните личности, има законски и етички реперкусии, но, пред сè, ваквите непроверени написи не се дел од професионалното новинарство.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови