verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Несериозен текст со атрактивен наслов

on 28 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ДоказМк-Чудо-во-манастир-Свештеник-со-молитви-crop-resize

 

[Рецензија: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак]

 

Овој текст не исполнува ниту еден новинарски стандард. Нема извори, нема факти, нема изјави, нема ништо. Има само атрактивен наслов и ништо повеќе.

Доказ.Мк – Чудо во манастир  Свештеник со молитви ги лекува луѓето од ракЛинкуван наслов на анализираниот напис: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак

Датум и време на објавување: 18.09.2015

Датум на рецензирање: 28.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Секоја втора сабота река луѓе оди во Мачва во манастирот Илиње во близина на Шабац, каде што неговиот игумен Исаија со молитви ги лекува најсериозните болести и ги истерува демони од опседнатите.“

Уште на почетокот, текстот е несериозен, особено зашто станува збор за лекување сериозни болести со помош на молитви и со истерување демони. Логички е читателот да се праша зарем воопшто постои такво нешто? Особено демони, па и нивно истерување. Дали и колку навистина лечи посочениот свештеник сериозни болести, потребно е некој да посведочи за тоа.

Но, за жал, во текстот нема такво нешто. Од таа „река на луѓе“, зарем не се нашол ниту еден да застане и да даде изјава, да посведочи за лично искуство?

„Ние се молиме, а лекарите лекуваат, а Господ излекува – вели игуменот Исаија кој верува дека во Илиње можат да најдат лек од шизофренија и други душевни болести, како и од ракот.“

Повторно празна изјава, која може да ја даде секој, но за да биде таа веродостојна, потребно е да се провери и да се изнесат факти и докази. Тоа во овој текст го нема. Од каде да бидеме сигурни дека изјавата ја дал игуменот? Кога ја дал и за кого, не е посочено. Ова може да се квалификува само како празни верувања и кажувања. Нема изјави од излечени луѓе или од луѓе од кои бил истеран демон.

На крајот од текстот има видеозапис за кој е посочено: „Погледнете како изгледа еден обред во овој манастир“.

Погледнавме и ништо не видовме, ниту, пак, слушнавме, освен зборот „алелуја“. Од видеоснимката не може да се види никаков обред, а уште помалку за каков обред станува збор, дали свештеникот лечел во моментот некого или истерувал демон од него.

Вакви текстови многу често можат да се сретнат во нашите медиуми, но истите се непроверени, ниту, пак, се внимава од каде се пренесуваат. Не е посочен изворот, па според тоа читателот нема претстава дали станува збор за сериозен медиум или не. Не е напишано ништо повеќе за тој манастир и за тој свештеник. Авторот можел да се потруди и да дојде до повеќе информации за да ја задоволи љубопитноста на читателот. Ваквите текстови можат да бидат и опасни, особено кога ги читаат луѓе што навистина имаат некаква мака, кои навистина се болни, па излезот го бараат во сè за што ќе слушнат.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести