verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Зеколи немал никаква шанса да се огради од „Сервис за проверка на факти во медиумите“

on 17 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Arsim Zekolli distancohet nga redaksia e  Verifikimi i Fakteve-crop-resize

 

[Рецензија: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите]

 

Сè повеќе новинарите прават грешка при вршење на својата професија, кога при пребарување на интернет ги претвoраат објавите на луѓето во вести, без никаква проверка и во случаи кога тие се сосема неточни и поради тоа немаат никаква вредност.

Кога социјалните мрежи се користат како единствен извор за информации во новинарството, може да се случи споделување на сомнителни, непотврдени, а со тоа и безвредни информации за да бидат професионални вести.

Arsim Zekolli distancohet nga redaksia e  Verifikimi i FakteveЛинк до оригиналната вест: Aрсим Зеколи се огради од Сервисот за проверка на факти во медиумите

Датум и време на објавување: 11.09.2015

Датум на рецензија: 13.09.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Aвторот напишал еден напис кој се засновува на статус на Арсим Зеколи, како член на одборот  на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), каде што тој вели:

„Како член на Бордот  на Фондацијата отворено општество, сакам јавно да се оградам, осудам и од јавноста да побарам извинување во врска со изборот на главен и одговорен уредник на албанската редакција на сајтот „Проверка на факти“. Следствено, ставовите и оценките изнесени од страна на тој сајт ги земам со огромна резерва и уште поголема недоверба. Сајт кој не ја проверува веродостојноста на своите уредници не може да суди за веродостојноста на било кој напис.“

ФООМ нема никаква врска со „Сервис за проверка на фактите во медиумите“ (СПФМ). Арсим Зеколи, кој никогаш не бил вклучен, нема никакво влијание и нема никаква обврска или врска со проектот, испаѓа дека ниту имал шанса да се огради, бидејќи секогаш бил ограден од овој проект.

Тука медиумот е фатен во стапица и на ист начин како и авторот на изкажаниот став преку социјалните медиуми и самиот медиум губи кредибилитет, бидејќи пренесува нешто што е сосема неточно.

Од пренесената изјава се добива впечаток дека Арсим Зеколи, како член на одборот на ФООМ, имал некоја врска или влијание врз СПФМ. СПФМ е поддржан од УСАИД, а се спроведува од Фондацијата за интернет и општество „Meтаморфозис“. Нема никаква врска со работата на ФООМ и затоа не е воопшто јасно зошто во написот се создава друг впечаток. Поточно, правилно име на проектот е:

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“ спроведувана од „Метаморфозис“

Ова се јавни податоци до кои авторот на новинарскиот напис и авторите на преобјавените написи во другите портали, можеле да пристапат многу лесно на сајтот proverkanafakti.mk, така како што често пребаруваат на интернет во потрага по „бомбастични“ вести.

ФООМ не ги финансира, нема одговорност и нема компетенции при изборот на уредниците и на раководителите на СПФМ. Поради тоа, бидејќи нема никаква компетенција и влијание, и оградувањето на Арсим Зеколи од овој проект нема никаква вредност и никаква смисла.

Секој има право да објавува „што ќе му посака срцето“ на неговиот личен профил на социјалните мрежи. Може и да се огради од што сака, но тоа нема никаква тежина.

Меѓутоа, новинарот има одговорност пред јавноста и тоа што го сервира пред неговата публика не треба да биде тенденциозно и треба да ги почитува правилата и основните етички и професионални норми на новинарството.

Наведениот случај покажува дека социјалните мрежи, каде се изразуваат ставови врз основа на шпекулации, неточности, лични мислења или со друга заднина, не може да се сметаат за релевантни извори за да се направат вести. Овој случај покажува дека се работи за обид да се направи вест од непроверена информација. Ставовите на разни луѓе на социјалните мрежи не може да се пренесат како вести, бидејќи не мора да значи дека тие се точни, како во овој случај. Текстот го остава читателот во заблуда покренувајќи сомнежи за работата на проектот СПФМ, без авторот да се обиде да дознае колку реално има основа изјавата на Арсим Зеколи, која нема никаква врска со реалноста.

Целта на СПФМ претставува еден обид за исполнување на сè поголемата побарувачка на читателите за објективни вести и информации засновани на факти и на професионални новинарски стандарди, а не исполнување секакви желби и интереси.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести