verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јавноста не треба да биде лишена од двете страни

on 15 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: БЕСА го гради мостот во Куманово кој што беше заборавен од власта]

 

Доколку новинарот информира за некоја иницијатива, веста не треба да заврши само со една страна. Секогаш треба да се побара и официјалниот став, бидејќи може да се добие впечаток дека се поддржува само една страна. Веста што ја рецензираме не ги претставува двете страни. Другата страна не е присутна во текстот.

„Aктивисти на Движењето Беса во Куманово почнале со работа за градење на еден мост кој што беше урнат пред 7-8 месеци од надојдената вода. Тие одлучиле доброволно да го градат овој мост, бидејќи нивните апели до локалните и централните власти за изградбата на мостот кој што поврзува еден дел од населбата „Бахче“ каде што живеат 500 жители, со другиот дел од градот биле залудни.“

BESA ndërton urën në Kumanovë  që u harrua nga pushteti screenshotЛинк до оригиналниот напис: БЕСА го гради мостот во Куманово кој што беше заборавен од власта

Датум и време на објавување: 08.09.2015

Датум на рецензија: 09.09.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Ставот на обвинетата страна секогаш треба да се наведе во текстот, особено кога се работи за дебата помеѓу политички субјекти. Во следниот параграф, авторот го навел ставот на еден претставник на Движењето „Беса“, што ја обвинува локалната власт за непреземање мерки. Многу е важен и ставот на Општина Куманово, како обвинета страна.

„Поради неизградбата на мостот, жителите на ова населба биле изолирани и за да излезат во центарот на градот трабало да ризикуваат и да поминат низ мостот кој што е скоро целосно уништен, или да направат три пати подолг пат. Пред извесно време, едно дете паднало поминувајќи го мостот и замалку го изгубило животот. Им благодариме на младинците од Движењето Беса који што ја превзедоа ова инцијатива, бидејќи да останеше до власта, таа немаше да го изгради со години, вели претставникот на Месната заедница на ова населба, Аслан Фазлиу.“

Во текстот не недостига ниту коментирање, појава што се сретнува кај непрофесионалните вести. Исто така, се спомнува едно име што е непознато за јавноста, а чиешто изјаснување новинарот го смета за непотребно.

„Интересно е дека и пред неколку години овој мост не беше изграден од властите, туку со придонес на бизнисменот Лутфи Худа, што го покажува занемарувањето од страна на властите на овој дел од градот, кој што е претежно населен со Албанци.“

Во професионалното новинарство секогаш се бара непристрасно известување. Ако институциите покажале невнимание, прашањето што би го поставил секој читател е зошто новинарот не ја прашал компетентната институција за проблемот за кој пишува? Колку и да е јасен настанот, сепак во секој новинарски текст треба да се опфатат сите страни.

Со право се поставуваат дилеми и се следи активноста на некој политички субјект, но доколку обвиненијата остануваат без одговор, тогаш имаме едностран текст, бидејќи читателот е лишен од ставовите на двете страни.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести