verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите не се политичари и треба да го запомнат тоа

on 16 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

004-NOV-Ќе бидат ли имотите на СДСМ овците предмет на специјалниот јавен обвинитеl zurnal-FINAL-crop-resize

 

[Рецензија: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?]

 

Овој текст е класичен пример за спин во новинарството и за дефокусирање на јавноста. Написот е полн со коментари насочени кон дискредитација на првите луѓе на опозицискиот СДСМ и од авион се гледа дека е политички пристрасен.

004-NOV-Ќе бидат ли имотите на СДСМ овците предмет на специјалниот јавен обвинитеl zurnal-FINALЛинкуван наслов на анализираниот напис: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?

Датум и време на објавување: 10.09.2015

Датум на рецензирање: 15.09.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Уште во насловот, авторот на текстот прашува: „Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?“. Одговорот на ова прашање е јасно. Но, сепак, во написот се прави обид да се дефокусира читателот и да се нагласи наводниот криминал на првите луѓе на опозицијата, за кои не постојат никакви факти и докази, туку само непотврдени објави.

„Ако специјалниот јавен обвинител добие мандат да ги испитува имотните состојби на функционерите на СДСМ, тогаш ќе има полни раце работа, пишува Нетпрес.“

За имотните состојби на функционерите на СДСМ, од владеjачката ВМРО-ДПМНЕ често излегувале досега со разни обвинувања, а од опозициската партија, пак, биле со став, доколку има нешто сомнително, постојат органи и институции што можат да го проверат тоа и истите ги повикувале, доколку има потреба, да поведат постапки. Сепак, досега, ниту Обвинителство, ниту Антикорупциска не покренале никаква истрага.

Специјалниот јавен обвинител не може да се занимава со сè и сешто, туку јасно е дефинирано, со која цел се избира и кои предмети ќе ги разгледува тој. Тоа секако е дефинирано во Договорот од Пржино, кој го потпишаа лидерите на четирите најголеми партии за излез од политичката криза.

Специјалниот јавен обвнител ќе се занимава со предметот „Пуч“ и со предметите поврзани со прислушувањето, односно со „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата.

Секој обид да му се наметнуваат на специјалниот обвинител други случаи, паѓаат во вода, особено кога тоа го прават новинари. Тоа не е нивна работа, да водат политика, туку да ја информираат јавноста. Вакви спинерски и манипулативни алатки се недозволиви во професионалното новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести