verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вака вести пишува пропагандист! Од којзнае која провинција!

on 15 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Вака паркира дипломат  Стока од европска провинција    Вечер-crop-resize

 

[Рецензија: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!]

 

Главниот проблем со оваа куса фото-вест е насловот: „Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!“. Тој е исклучително навредлив, звучи невкусно и дури со отворен анимозитет кон странските дипломати.

http___vecer.mk_makedonija_vaka-parЛинк до оригиналниот напис: Вака паркира дипломат! Стока од европска провинција!

Датум и време на објавување: 14.09.2015, 14:27

Датум на рецензирање: 14.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРИМИТИВИЗАМ

Веста има само две реченици ама е „отровна“! Од  неа просто извира силна нетрпеливост кон странските претставници во земјата. Особено, од  насловната конструкција, која е со таков навредлив речник што се граничи со примитивизам.

Инаку, „столбот“ на веста се две фотографии на кои е прикажано возило со дипломатски таблички, паркирано со предниот дел во тревна површина.  И, токму  ваквиот „грев“  е причина за гневот и за недоличните зборови упатени кон дипломатите:

„Стока од европска провинција!“

Тоа, најблаго кажано, е срамно! Не дека не можеле да се искажат забелешки во однос на паркирањето, ама тоа можело да се направи со малку повнимателно избрани зборови и без навреди.

Но, насловот не е единствениот проблем. Имено, веста само врз основа на двете фотографии заклучува дека дипломатите немаат сообраќајна култура, дека „ни продаваат морал, а се длабоко заглибани во нашата кал“!

Всушност, не се знае кој го возел и го паркирал автомобилот на тревникот. Дали возачот е странски или македонски државјанин, како што се, впрочем најчесто, возачите на  дипломатските претставници во земјата.

Со оглед на тоа, начинот на кој е напишана и пласирана оваа информација ја прави некоректна, тенденциозна и злонамерна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести