verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозно спојување на ИД и на бегалците преку пратка со оружје

on 15 - 09 - 2015       

ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ  Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС iNFOMAX-crop-resize

 

[Рецензија: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ: Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС]

 

Вест што лесно се вклопува во една антиемигрантска атмосфера, која и онака е обележје на дел од нашата јавност. Се работи за информација дека грчката погранична стража уапсила екипаж на брод полн со оружје во близина на островот Крит и дека тоа бил брод на ИД, кој требало на мигрантите во форма на хуманитарна помош да им го дели откако тие ќе стапнат на европско тло. Ова, секако, е вознемирачки факт, но е комплетно неточен и шокатно е како се нашол во нашите медиуми (главно електронски) без проверка и барем подоцнежно извинување и исправка?

ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ  Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС iNFOMAXЛинк до оригиналниот напис: ФАТЕНА ПРАТКА СО ОРУЖЈЕ ЗА МИГРАНТИТЕ: Во Грција запленет арсенал оружје од брод на ИСИС

Датум на објавување: 10.09.2015

Датум на рецензирање: 13.09.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Полн брод со оружје денес е фатен во Грција откако властите се посомневале во пратката која била означена како “хуманитарна помош” за бегалците. Имено бродот пристигнал од Либија, а требало да се истовари во Крит. Властите во Грција веруваат дека се работи за оружје испратено од ИСИС за терористите кои се инфилтрирани помеѓу мигрантите. Досега е непознато колку вакви пратки стигнале до рацете на терористи на ИСИС во Европа, но познато е дека во Европа веќе има повеќе од 4.000 броци на ИСИС.“

Најпрвин треба да се каже дека некои наши медиуми ја пренесоа веста осум до десет дена подоцна, иако таа се случила на 1 септември, а во светските медиуми и агенции е пласирана, главно, на 2 септември! Постоеле многу денови и причини оваа вест да се провери, ама тоа не е сторено. Ставена е „во фрижидер“ за да објави кога самиот гледач на видеосторијата, дадена без превод, а е на грчки јазик (!), веруваме непознат за поголем дел од нашата јавност, со кус придружен текст кој го пренесуваме, а треба да биде уверлив „доказ“.

Даваме линк со вест која е навреме објавена во соседството (2 септември) и која изворно е на „Танјуг“, каде се гледа извртеноста на веста во домашните медиуми – бродот не бил пријавен дека носи хуманитарна помош, туку пластика; потоа, во еден контејнер се најдени пушки сачмарки, а биле наменети за Либија – оделе од Турција кон споменатата африканска земја, а не од Либија кон Крит! Членовите на екипажит се уапсени, бидејќи според резолуција на ОН не смее да се превезува (дотура) оружје на Либија. Нема спомен за никакви бегалци, терористи или слично.

За да нема забуна и линкот, кој припаѓа на регионалната редакција на „СиЕн-Ен“, јасно кажува дека настанот е од 1 септември и дека бродот одел за Либија. Истата вест ја пренесува и „Слободна Европа“ со назнака во насловот дека оружјето било наменето за Либија. Да нема забуни, веста како таква стои и во други светски агенции , како „Ројтерс“.

Ова само индицира дека некој застарена вест се обидел да ја препакува во класична дезинформација и да ја искористи, претпоставуваме за домашни цели. Некои медиуми дури веста ја надградиле со сознанија на европски земји за тоа колку муџахедини има на стариот континент и како тие би можеле да ја искористат бегалската криза.

Секако, имаме пример за опасна злоупотреба на медиумите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

На изворот му се ставаат погрешни наводи

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

Се работи за стоп-снимка од видео запис

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

Го зголемува анимозитетот кон бегалците на европско тло

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести