verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулативна „слобода“ наместо работа со факти

on 22 - 09 - 2015       

sekerinska-dokumenti-Njujork-crop-resize

 

[Рецензија: Документите од судот во САД потврдуваат: Корумпираноста на Владата на Бучковски и Шекеринска македонските граѓани ги чинела најмалку 38,4 милиони евра]

 

Шпекулацијa, неаргументираност, отсуство на вистински извори, пристрасност. Дали е ова новинарство? Во никоја смисла не е професинално.

Новинарот секогаш мора да ги проверува фактите, а текстот што е предмет на рецензија е пример за спротивното. Во него има непроверени факти, а нема ниту обид за проверка. Нешто што е во целост спротивно со професионалните и со етичките стандарди.

Во Членот 1 од Кодексот на новинари стои:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

sekerinska dokumenti NjujorkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Документите од судот во САД потврдуваат: Корумпираноста на Владата на Бучковски и Шекеринска македонските граѓани ги чинела најмалку 38,4 милиони евра

Датум и време на објавување: 17.09.2015 11:45

Датум на рецензирање: 18.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Текстот уште од првата реченица го демантира насловот: „Вкупната штета која Република Македонија ја претрпела од корупциската афера Телеком е невозможно да се пресмета.“

Сега, ако во насловот има наводно точна сума, како може во првата реченица да се тврди спротивното?

„Според документите достапни во судот во Њујорк, политичари од СДСМ земале до 12 милиони евра во мито за да спречат влез на други сериозни странски компании во телекомуникацискиот пазар кои би донеле пониски цени и поквалитетни услуги од монополската компанија. Дополнителна штета која делумно ја претрпеле и македонските граѓани е во тоа што Маѓар Телеком и Дојче Телеком, кои во 2011 година постигнаа спогодба на првиот судски процес против американските власти за исплаќале поткуп на политичароите од СДСМ и платија казна од 95 милиони долари како надомест на штета, сума која делумно сигурно била извлечена и од џебовите на македонските граѓани и претплатници.“

Исто така и овој пасус не ја зборува вистината. Не е вистина дека се говори за политичари од СДСМ, туку за еден политичар од оваа партија. И не се работи за сума од 12 милиони евра, кога се говори за оваа партија, туку за 2,5 милиони евра, која ја зел еден политичар.

Еве што пишуваа медиумите:

„Понатаму, Богоевски потврдува и дека во рамките на „нон-пејпер“ документот кој заеднички го изработиле директорите на „Маѓар телеком“, заедно со советниците на Бучковски и Кондоминас, се наведува дека од сумата од 7.5 милиони евра, 5 милиони евра се за пријателите од Тетово, а 2.5 милиони евра за страната А, односно за Бучковски.“

Покрај ваквата невистинитост, сериозноста на грешката е во отсуството на извори на информација. Документите што се залепени за текстот и во кои нема ништо од тоа што се тврди во него, не можат да бидат извор на информација. Многу слабо со одело во истражување. Поточно, истражување воопшто и нема, туку станува збор за едноставно накалемување на некаква си вина кај заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, што ја покажува и суштината на постоењето на овој текст, а тоа е спинот.

По целонеделната хајка против Шекеринска, не изненади што главниот момент на содржината не е информирањето, барем не објективното и кредибилното, туку оцрнувањето.

Иако Шекеринска уште при првиот текст објавен за наводна нејзина инволвираност во овој скандал веднаш го демантираше, во овој напис не се нашло за потребно да се пренесе тоа.

Таа имаше демант во кој се вели:

„Чудо! Не сакајќи, „Република„ ме испофали! Во документот кој го објавуваат (читајте го оригиналот) се потврди:

– дека сум инсистирала на брзи рокови за либерализација на телекомуникацискиот сектор во Македонија

– дека предлозите од Маѓар Телеком не сум ги поддржала (законот кој го нуделе останал нивен предлог, не поддржан од мене ниту институцијата која сум ја раководела) и

– дека на седницата на Влада не им помина законот по ќеиф на Маѓар Телеком туку закон усогласен со ЕУ обврските на Македонија (и предлагам на Владата да ги објави снимките од таа седница за да се види зошто и како Маѓарите не го добија тоа што го сакаат).

Документите покажуваат дека многумина во Македонија се спротивставија на криминалните зделки и привилегираната позиција на МТ – горда сум што бев една од тие.

Очекувам Република да ги дообјави документите од истиве сведочења, вклучувајќи ги и конкретните имиња и функционери врзани за „Аналитико“. Шилото повторно врти!“

Идејата на целиот текст не е да пренесе објективна информација за наводна вклученост на Шекеринска во аферата со поткуп од „Маѓар телеком“, туку да ѝ се извалка името. Тоа се гледа и од селективното прикажување на информациите. Имено, според сведочењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, инволвираност нема само од опозициски политичари, туку има наводна поврзаност на високи функционери и од владејачката партија.

Текстот е полн со коментари, кои се главното оружје да се изврти вистината иако самиот текст не е коментар. Тој, исто така, не го задоволува критериумот на содржајноста и крие информации. Во него нема ниту обид да се комуницира со посочениот лик.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести