verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насила импутирано признание преку изјава превртена на глава

on 21 - 09 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-114-На-Заев-не-му-пречи-crop-resize

 

[Рецензија: На Заев не му пречи да ги навредува сопартијците-признава дека бомбите се фарса и недокажуват ништо]

 

Во информациите, кои се очигледно намерно срочени во еден центар, тешко е да се дефинира кој прв објавил вест, информација, колумна која се мултиплицира во целата владина пропагандна машинерија, стереотипизирајќи го лидерот на опозиција Зоран Заев како „лоше момче, манипулант, криминалец, лажго“…

Текстот што го рецензираме за неколку часа е објавен и во другите најекспонирани медиуми блиски до власта: Сител, Канал5, Пулс24, Денешен, Нетпрес…, па подолу кажаното важи и за нив. Станува збор за интервјуто на лидерот на опозицијата Зоран Заев во емисијата „Вин вин“ со новинарката Оливера Трајковска на телевизијата „24Вести“, при што се неколку реченици извадени од контекст и со вешта конструкција е направен прилог благопријатен за ушите на власта.

FireShot Screen Capture #114 - 'На Заев не му пречи да ги навредува сопартијците- призна дека бомбите се фарса и не докажуЛинк до оригиналниот напис:
На Заев не му пречи да ги навредува сопертијците-признава дека бомбите се фарса и недокажуват ништо

Датум и време на објавување: 19.09.2015 13:17

Датум на рецензирање: 20.09.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КОЈ ЈА ИМА МУВАТА НА КАПАТА

Текстот се базира на воведниот дел од емисијата кој почнува со хипотека која новинарката Оливера Трајковска ја има, бидејќи во снимениот материјал од „бомбите“ кој лично ѝ е предаден, во една пригода, во разговор со потпредседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, лидрот на СДСМ, Заев, го нарекла „сељак од Струмица“.

Во емисијата двајцата соговорници постапија многу коректно. Тонот на водителката беше спонтан, со призвук на извинување, а Заев, недоличниот вокабулар во тој разговор го прифати како моментална човечка слабост.

Во тие неколку секунди од неговата изјава, апсолутно нема никакви допирни точки со снимениот материјал од „бомбите“ кој треба да биде доказен матерјал за криминалите на власта.
Од тој дел на интервјуто, медиумот прави конструкција во која без факти, необјективно, на Заев му импутира нешто што тој не го кажал. Неговата изјава ја превртува на глава и без каков било валиден доказ, содржината на кажаното лажно ја прикажува како признание од лидерот на опозицијата дека снимените разговори не се валидни и не докажуват ништо.

„Тој при интервју во емисијата „Вин Вин“ која се емитуваше на 24 Вести  признава дека по телефон се кара, навредува други лица, се обраќа со повисок тон, но и дека телефонските разговори, какви инаку пушташе во текот на објавување на бомбите, не докажуваат ништо… и се фарса за дневно политичка употреба.“

 

„ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ, КАЖИ МИ“…

Текстот отвора бројни прашања чија појдовна точка е во односот помеѓу вистината и начинот на кој таа ќе се претстави во медиумската содржина, притоа, од публиката да биде перцепирана во функција на тој што наредил или влијаел таа вистина да се претстави така, да биде благопријатна за нарачателот. Односно, да биде кажано она што власта сака да го чуе.

„Тој практично целата држава ја стави на коцка, период во кој и економијата евидентно забави и ја држеше во грч, емитувајќи нелегално стекнати разговори а сега признава дека целата нервоза во разговорите кои ги објавуваше и тоа во одреден сегмент и светло за кое Заев и неговиот тим одлучиле да го прикажат, и не се вистински…“

Дали е тоа јавен интерес и начин за комуницирање со јавноста и објективно пренесување на информациите? Не е. Но, според редоследот на нештата, има стриктна задача да биде посредник помеѓу власта и граѓаните и да ја претсави реалноста така како што му е наредено според обрската да биде во група на контролирани медиуми кои се фундамент за контрола, односно манипулација со граѓаните, нивната свест и емоции.

Жалосно е што во оваа пригода делот од интервјуто кој е злоупотребен за политичко поентирање не е направен од политички субјект, туку од новинар, што е апсолутно спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија. Ако тоа веќе бил негов личен став и така ја толкувал изјавата на Заев, тогаш професионалните норми наметнуват со својот потпис да застане зад содржината, што во овој случај не е направено и текстот наликува на партиско сопштение со генерален заклучок кој авторот го напишал:

„Ова покажува дека СДСМ се наоѓа во тешка позиција во која најавите за оптимизам, храбрењето кое го прави раководството е со цел кревање на моралот кај деморализираното членство кое е разочарано од неуспешните политики на нивната партија.“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести