Емирот од Дубаи, неговиот несреќен син, Цеца и нејзиниот син Вељко
Објавено во Рецензии
on 21 - 09 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар]
Пред нас имаме вест упропастена со погрешен наслов и со промашена фотографија. И ваквата двојна грешка го прави написот лош и збунувачки, кој наместо да информира – дезинформира.
Линк до оригиналниот напис: Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар
Датум и време на објавување: 19.09.2015, 15:16
Датум на рецензирање: 20.09.2015
Рецензент: Оливера Војновска
ВЕСТА „УТЕПАНА“ СО НАСЛОВОТ И СО ФОТОГРАФИЈАТА
Самата вест се потпира на вистинити факти и посочува прецизни извори на информации (иако не се линкувани). Но, првата порака што им се испраќа на читателите преку насловната конструкција „Владетелот на Дубаи, почина на 33 години од срцев удар“, е неточна.
Имено, не станува збор за смрт на емирот на земјата, туку на неговиот најстар син.
Згора на сѐ, ова не е единствената грешка во написот. Веста е дополнително „утепана“ со илустрацијата, која е целосно промашување. Наместо да го прикажува синот на шеикот, Мохамед бин Рашид ал Мактум, во текстот е употребена фотографија од српската фолк-ѕвезда Цеца (Светлана Ражњатовиќ) и од нејзиниот син Вељко!
Тоа, несомнено, претставува сериозен пропуст, независно дали е направен од брзање или од незнаење. Па, во конкретниот случај е ирелевантно тоа што податоците што се наведени во содржинскиот дел се точни, бидејќи тие се невидливи од киксовите со насловот и со фотографијта. И токму овие гафови се причина што написот е предмет на рецензија и заслужува негативна оценка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
во насловот
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
збунува
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
погрешни
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови