Пропагандата не претставува новинарство
Објавено во Рецензии
on 21 - 09 - 2015 Автор: Adrian Kerimi
[Рецензија: Aли Ахмети дочекан како вистински командант]
Пропагандата е најголемата штета што може да му се нанесе на професионалното новинарство. Обидот преку новинарски написи да се стигне до политички маркетинг, не соодветствува со професионалните стандарди.
„Во сликите што ви ги нуди Aктуале.мк се гледа како лидерот на ДУИ, Али Ахмети е дочекан од голем број на жители на општината Ликово, каде што учествуваше во отворањето на салата во ова албанско населено место.“
Линк до оригиналниот напис: Aли Ахмети дочекан како вистински командант
Датум и време на објавување: 16.09.2015
Датум на рецензија: 17.09.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Кога го читаме текстот, на почетокот се добива впечаток дека тој е коректен. Имаше јавен интерес да се известува за настанот, особено по последните политички збиднувања. Но, авторот повторно дава „автогол“ кога вториот параграф го почнува со: “Се чини дека ова масовно присуство на граѓаните се случува секогаш кога првиот човек на ДУИ се појавува на вакви настани“. Таквата реченица се чита како поддржување за лидерот на ДУИ, што е недозволиво за новинарот. Известувањето ќе беше коректно доколку се базираше на бројката на учесниците. Доколку новинарот го наведеше бројот на учесниците, тогаш читателот ќе имаше можност самиот да донесе заклучок.
„Се чини дека ова масовно присуство на граѓаните се случува секогаш кога првиот човек на ДУИ се појавува на вакви настани. Таков беше случајот и пред неколку дена, со еден друг проект на Општина Боговиње, известува Актуале.мк.“
Текстот би требало да содржи повеќе информации за пораките што ги пренесе лидерот на ДУИ, а не да се фокусира само на бројот на учесниците. Јавноста има интерес да дознае што кажуваат политичарите, особено во едно подрачје кое беше во центарот на вниманието.
Новинарот, исто така, би требало да ги спомене предвидените проекти за ова подрачје и да прецизира колку од нив се реализирани досега. Откако ќе прочита една вест, кај читателот се буди љубопитност за тоа што ќе се случи понатаму. Една дополнителна информација во ова насока, би ја побудила доверливоста кај читателот и тој би бил поинформиран.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови