verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Медиумите во Египет „ги мери“ Акбарметар

на 4. 06. 2016 | | en

Дел од насловната страница на едноставно уредената веб-страница на Акбарметар. Фото: скриншот
 

Сервисот за проверка на факти во медиумите функционира и во Египет. Двајца ентузијасти и револтирани од огромната медиумска пропаганда во таа земја, уште пред повеќе од една година се решиле да постават интернет-платформа за проверка на фактите во медиумите, а во тоа им помогна и „Метаморфозис“, со прилагодена верзија на методологијата што ја користи организацијата за својот

Никој не виде аир од дигиталниот „air“

на 22. 02. 2016 | |
Во догледна иднина нема да можеме да бираме камера по желба. Фото: Wikipedia
 

Поради бирократски и политички причини, поради неспособност и брзање, поради правeње крупни чекори без претходни консултации со тие што ја емитуваат содржината, дигиталниот етер во Македонија ем е неискористен, ем станува неинтересен за приватните радиодифузери. Комерцијалните се жалат на превисоки цени и на монопол, а јавниот сервис, затуткан во својата замислена моќ и елитистичка закрила од

Царувањето на невистини во медиумите може да поттикне граѓанска војна

на 24. 10. 2015 | |
  [Рецензија Белгиецот Ванхут денес ги укина државата и уставните институции.Тој е цар Леополд]   Посредникот кој во име на ЕУ се обидува да помогне во решавање на политичката криза во Македонија, Питер ван Хојте, дефинитивно не е цар Леополд, но царувањето на лагите во дел од медиумите во Македонија, исто така, дефинитивно може да поттикне граѓанска војна и безредија. Овој заклучок се наметнува кај вашиот рецензент по читањето на овој текст, во кој со груби невистини и со извртување на фактите во врска со активностите на посредникот, во еден момент се повикува на „одбрана на државата и државноста на улица со сите средства“. Што сакале авторот и медиумот да кажат со тоа, не е појаснето, зашто нема

Милошоски можеби има семејни проблеми, ама дел од новинарството има поголеми!

на 22. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Антонио Милошевски  е избркан од дома, жена му го фатила во секс со неговата секретарка]

  Кај учените новинари и во демократските општества никогаш не било спорно прашањето, генерално, каде е границата на приватноста и на почитувањето, споредено со јавниот интерес. Но, кога таа граница се пречекорува, постојат јасни правила во професијата, кои доколку не се почитуваат, доведуваат до девалвација на новинарството, но уште повеќе до девалвација на јавниот интерес. Штетите од тоа се тешко надоместливи – публиката, т.е. граѓаните полека престануваат да веруваат во новинарите и во медиумите, а јавните личности, особено кога станува збор за политичари, се охрабруваат уште повеќе да не ја почитуваат јавноста и да го игнорираат правилото на отчетноста – услов без кој

Парановинарството е најголемиот непријател на слободата на говорот

на 30. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Никола Груевски и како дете личел на ретардирано злобно копиле]

  Слободата на говорот и слободата на медиумите се апсолутни категории во демократиите и без нив не се може. Но, слободата на говорот, пред сè, подразбира одговорност при јавната комуникација. Во спротивност, слободата на говорот се претвора во антипод. Според досегашната практика, што може да се забележи во нашиот медиумски простор, слободата на говорот во најголем дел се злоупотребува од т.н. парановинарство, лоцирано во најголем дел на интернет-просторот, иако го има и меѓу најгледаните телевизии со национална концесија. Медиумскиот производ што е предмет на нашето внимание е типичен пример на парановинарство, кој ѝ прави „мечкина услуга“ на слободата на говорот во Македонија и само им влева енергија на

Кога коментарите се претставуваат како факти, тогаш боговите молчат, засрамени!

на 22. 07. 2015 | |
Две третини од ТВ дневник поминати во напади врз опозицијата. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз централниот ТВ-дневник на „Сител“ од 17 јули 2015 година, 18 часот]

  Дневникот што е предмет на оваа анализа може да послужи како пример за неетичко и за непрофесионално новинарство, во кое нема ни „С“ од зборот стандарди во професијата. Покрај тоа, регистрираме и говор на омраза и тоа врз политичка основа,

Текст „опериран“ од правилата и од постапките на професионалното новинарство

на 9. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Гошев ја злоупотребил позицијата гувернер за да купи земјиште до границата со Грција за 5.000 евра, а кое реално вредело 630 000 евра?!]

  Првиот принцип на Меѓународната федерација на новинарите (МФН) се однесува на вистината. Почитувањето на вистината и на правото на јавноста да дојде до вистината е првата обврска на новинарот, се вели во првиот од деветте принципи на МФН. За да се дојде до вистината, постојат правила и постапки што треба да ги следи секој новинар. Ако не може да го потврди сознанието, а има рационални индикации дека станува збор за вистина, тогаш тој е должен да напише дека станува збор за информација што не можел да ја потврди, но поради јавниот интерес, тој и

Зошто Мишко Иванов да не ужива во „барокот“ во Белград?

на 2. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: На новинарот Иванов му се допаѓа барокот во Белград, што не му се допаѓа во Скопје?]

  Во експертската јавност што се занимава со етиката во новинарството во Македонија, но особено во постарите вакви тела во светот, веќе не постои никаква дилема дали социјалните мрежи, вклучувајќи ја и најпопуларната кај нас, „Фејсбук“, може да биде користена како релевантен извор на информации во даден момент. Но, исто така, не пости и никава дилема, кога треба да биде сторено тоа – само кога постои јавен интерес, а не интерес на јавноста. Така и треба да се третира објавената коментаторска вест за фотографијата на колегата Мишко Иванов и на неговата сопруга, при што нема сомневање дека станува збор за неетичко

Пристрасностa и манипулациите на МРТ се „заштитени“ со закон!

на 18. 05. 2015 | |
Од неодамнешните протести пред МРТ. Фото: Теофил Блажевски  

Директорите и одговорните уредници во МРТ не можат законски да одговараат за манипулативното новинарство што често се случува во известувањето во информативната програма, особено на МТВ. Мини-анализата на законите што ја покриваат оваа материја покажува дека обврските кон програмата се јасни и прецизни за тоа како треба да се известува. Но, санкции за неизвршување не постојат!? Сепак, судот на јавноста и

Вистината загубена помеѓу „сребрената вода“ и „позлатеното новинарство“

на 29. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Анастасија Ашкилова: Пиејќи сребрена вода, 3 годишно девојче од тешко болно до сосема здраво за само неколку дена]

  Органската храна и производите кои прават чуда за здравјето на луѓето, секако се едни од најчитаните текстови на интернет-порталите. И тука нема ништо спорно и чудно зашто секој од нас сакa да дознае нешто повеќе за едно од тие „чудо-производи“ кои можат да ни помогнат во секојдневниот живот или да нè излекуваат од некоја тешка болест. Сепак, новинарите што се занимаваат со овој вид текстови, не само што не се ослободени, туку се должни најмалку тројно да ги проверат тврдењата што ги пласираат, зашто последиците од неточни „факти“ може да бидат опасни по здравјето и по животот на луѓето.

Претплатете се за најнови вести