verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Рецензија: Експерти: Пораките на Заев до Тачи се најсериозен удар за неговиот кредибилитет

на 26. 03. 2014 | | sq
Станува збор за еден од оние текстови кога се земаат еден или двајца соговорници, кои обично се секогаш истите или слични, и кои имаат став ама баш за сѐ. Притоа, таквиот текст „се продава“ како генерален став на експертите или аналитичарите, со што се прави главната манипулација, зашто ниту е објективен ниту непристрасен, ниту е избалансиран. Дополнително се меша коментарот на новинарот со ставот на соговорникот и сето тоа се зачинува со сугестивна фотографија која има дискредитирачки тон за субјектот кому му е посветен текстот. Линк до оригиналниот напис: Експерти: Пораките на Заев до Тачи се најсериозен удар за неговиот кредибилитет
Датум и време на објавување: 21.03.2014, 14:43 Датум на рецензирање: 24.03.2014 Рецензент: Теофил Блажевски  

ОД КОГА ДВАЈЦА ЕКСПЕРТИ СЕ

Рецензија: Рангирање на ЕУ: Македонското здравство меѓу најдобрите на Балканот

на 13. 02. 2014 | |
Насловот на кој било новинарски текст е исклучително важен сегмент од целиот процес на пишување и продукција. Тоа е така зашто насловот е еден од поважните елементи што го „продаваат“ производот и што ги тера луѓето да го прочитаат, да го разгледаат или да го прескокнат текстот. Насловот може да биде краток, долг, инвентивен и креативен, тенденциозен, здодевен… може да биде секаков, но никако не смее да биде неточен, односно да не одговара на фактите изнесени во текстот. Токму таков наслов имаме на оваа проширена вест и тој, без оглед на мотивите, е неточен и манипулативен. Не е во ред да се манипулира преку наслов, зашто преку насловот фактички е изманипулирано и со податоците во текстот, при што читателите се

Рецензија: Паника и страв во СДСМ по анкетата на “Димитрија Чуповски“

на 4. 02. 2014 | | sq
Пречестата и со ништо оправдана флоскула околу анонимните извори не е дозволена во новинарството. Уште помалку е дозволено мешање на факти со ставови, односно со коментар, неизбалансирано известување и игнорирање на втора, односно засегната страна… Сето ова го имаме во текстот Паника и страв во СДСМ по анкетата на „Димитрија Чуповски“. Линк до оригиналниот напис: Паника и страв во СДСМ по анкетата на “Димитрија Чуповски“ Датум и време на

Рецензија: Новинарите на СДСМ биле овоштари?

на 29. 01. 2014 | | sq
Не така ретко во домашниот медиумски простор во последно време ќе прочитате нешто што треба да биде некој вид новинарски производ, но за жал, тоа не е. Таков е примерот со текстот што носи наслов „Новинарите на СДСМ биле овоштари?“. Иако по формата личи на вест, ова писание нема врска со новинарството, зашто не е направено според низа професионални, уште помалку етички стандарди, а нема врска ниту со некои основни логички премиси. Станува збор за спин, преку кој се дискредитирани личности од јавниот живот. Линк до оригиналниот напис: Новинарите на СДСМ биле овоштари?
Датум и време на објавување: 28.01.2014/ 15:35 h Датум на рецензирање: 29.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Вистинитоста на наводите во текстот е прашање на кое

Аспекти за пишување глава на вест

на 27. 01. 2014 | |

Редењето на елементите во главата на веста и надолу во другите пасуси, е она што никаде нема да го сретнете како точна препорака и методологија како да постапувате. Тоа е она што ги чини различни новинарите од обичните набљудувачи на некој настан. Способноста да се препознае веста во настанот и тоа да се стави како прв елемент во главата, е прв предуслов за добра вест.

  Пишува: Теофил Блажевски  

Рецензија: Жерновски продолжува со идејата за рушење на Скопје 2014

на 27. 01. 2014 | |
Кога новинарот или уредникот сакајќи или несакајќи спинуваат, тогаш „белото станува црно“, а „магарето може и да лета“. Токму таков пример имаме во текстот што е предмет на оваа рецензија, каде што речиси сѐ што е стандард и етика во новинарството било подзаборавено на штета на вистинита, објективна, избалансирана информација што треба да ја добие јавноста. Линк до оригиналниот напис: Жерновски продолжува со идејата за рушење на Скопје 2014
Датум и време на објавување: 24.01.2014 Датум на рецензирање: 26.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: „Веста“ во своето главно тврдење, изнесено во насловот и главата е невистинита. Текстот е мешавина на неточни и точни факти, при што точните факти се ставени на крај од „пирамидата“, што може да се утврди ако се

Рецензија: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава

на 21. 01. 2014 | | sq
Оваа, по форма проширена вест, е текст кој нема допирни точки со сериозното новинарство. Има изнесено тврдење на два пати и тоа требало да биде веста, но, никаде, со ниту еден аргумент, ниту, пак, со некој извор, е поткрепено тврдењето изнесено во насловот и во воведот. Апсурдноста е уште повеќе потенцирана со тоа што веста, како прилог и како текст, е објавена на платформите на јавниот сервис, каде професионализмот би требало да биде еден од главните адути. Линк до оригиналниот напис: Малезијци ќе го преплават Скопје годинава
Датум и време на објавување: 16.01.2014,17:26 Датум на рецензирање: 19.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Има повеќе факти изнесени во текстот, но за главниот не може да се утврди веродостојноста. Извори на информации: Во

Рецензија: СВЕТ БЕЗ РАК: Тајните на фармацевстката мафија

на 15. 01. 2014 | |
  „Правете разлика меѓу застапување нечии ставови и новинарско известување“.   Ова е еден од советите на Етичкиот кодекс на здружението на професионалните американски новинари, а истите правила важат и за најголемиот број професионални новинари во светот. Веста што е предмет на оваа рецензија не може да се оцени дека е пишувана според ова правило, зашто неименуваниот автор едноставно заборавил во насловот да ги одвои туѓите ставовите и ги нуди како новинарско известување за веќе сигурни и потврдени факти. Тие факти, пак, за читателот се непроверливи, а се однесуваат на материја што засега човечки животи. Пласирање на вест за материјали поврзани со алтернативно лекување на било што, не само на ракот, мора да содржи во себе барем минимална дистанца од

Рецензија: Излегуваат на виделина првите сознанија што барале и што разговарале Заев и Шеќеринска кај Филе во Брисел

на 11. 01. 2014 | |
Новинарот секогаш мора да ги проверува фактите. Текстот што е предмет на рецензија е пример за спротивното. Непроверен факт, а нема ниту обид за проверка, е предмет на коментари и анализи на стручната јавност. Тоа не е ништо друго освен шпекулативно новинарство – нешто што е во целост спротивно со професионалните и етичките стандарди. Линк до оригиналниот напис: Излегуваат на виделина првите сознанија што барале и што разговарале Заев и Шеќеринска кај Филе во Брисел  Датум и време на објавување: 08.01.2014/17:31h Датум на рецензирање: 09.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Во поднасловот на текстот има две тврдења изнесени од новинарката. Тоа не само што не е поткрепено со никаков извор, туку не е направен ни напор за проверка, така што вистинитоста

Рецензија: Оџачарот му донесе среќа на Тодоров, но донесе и инвестиции, трансплантации, едукација…

на 6. 01. 2014 | |
Секоја информација понудена на јавноста во врска со некоја владина политика, а без поткрепа врз соодветни извори, во старт станува сомнителна од аспект на можната манипулација со јавното мислење. Таков е случајот и со текстот што го рецензираме, а ненаведувањето на изворите е само еден од недостатоците, гледано од аспект на исполнување на професионалните стандарди. Линк до оригиналниот напис: Оџачарот му донесе среќа на Тодоров, но донесе и инвестиции, трансплантации, едукација…  Датум и време на објавување: 31.12.2013 Датум на рецензирање: 03.01.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Вистинитоста на фактите изнесени во овој текст е главниот проблем. Причината е едноставна – нема наведено извор, освен на едно место, а за проверка на фактите се потребни повеќечасовни пребарувања. Извори на информации: Освен на

Претплатете се за најнови вести