verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Рецензија: Факти кои ги учевте на училиште, но сега не се точни

на 23. 12. 2013 | |
Новинарот треба, секогаш кога е тоа можно, да ги наведе своите извори. Јавноста има право да располага со што е можно повеќе податоци за кредибилитетот на изворите што се користени.  Цитатот што го читате е едно од правилата наведени во Кодексот на Здружението на професионални новинари од САД. Всушност, целата прва глава од правилата во овој Кодекс е посветен на изворите, што само укажува на важноста на овој елемент при составување каков било новинарки продукт. Текстот што ќе го рецензираме е одличен илустративен пример за тоа колку е важен изворот. Линк до оригиналниот напис: Факти кои ги учевте на училиште, но сега не се точни
Датум и време на објавување: 15.12.2013 Датум на рецензирање: 20.11.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: 

Рецензија: Скопје рамо до рамо со Лондон, Париз, Барселона и Стразбур со загадувањето

на 20. 12. 2013 | |
  „Не знам какво олеснување би им претставувал податокот дека има друг град со поголема загаденост? Дали можеби чувството дека не се жртви број еден, туку број два во светот?“, (Дејан Спасески, блогер и ИТ аналатичар)   Текстот „Скопје рамо до рамо со Лондон, Париз, Барселона и Стразбур со загадувањето“ може да се опише како наменски текст објавен во повеќе сродни медиуми (сродни според уредувачката политика), со можна намера во заднина, да се дефокусира јавното мислење од одговорноста за ваквата аеро загаденост во Скопје. Но, тоа е во доменот на впечаток на рецензентот. Доколку, пак, се примени методологијата за проверка на фактите во овој текст – информација, се гледаат неколку недоследности и, најблаго речено, отсуство на соодветни медиумски

Од сегментирани информации до дезинформации

на 16. 12. 2013 | |

Постои една изрека во врска со проблемот со името – Цело е кога има сѐ. Употребена во друг контекст, таа е сосема адекватна за проблемот во современиот македонски журнализам кон кој ќе се осврнеме тука – нецелосна информација не само што не е сѐ, туку таа дури може да се претвори и во нејзин антипод – дезинформација

  Пишува: Теофил Блажевски   Сеопфатноста при информирањето е императив и еден од

Рецензија: Тодоров: Преку СМС пораки до сериозно подигнување на квалитетот на здравствените услуги

на 13. 12. 2013 | |
Новинарскиот производ што е предмет на нашата рецензија е типичен пример на незантересирано покривање на настани на кои се говори за јавни политики со голем импакт врз голема група група граѓани – пациенти. Еден од основните новинарски стандарди е и сеопфатното информирање, т.е. покривање на сите аспекти на темата за која се пишува, макар и во вест, која кај нас обично се сфаќа како нешто што не е толку вредно, споредено со коментарите, анализите, колумните, интервјуата… Линк до оригиналниот напис: Тодоров: Преку СМС пораки до сериозно подигнување на квалитетот на здравствените услуги
Датум и време на објавување: 04.12.2013 Датум на рецензирање: 09.12.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Информациите изнесени во текстот се вистинити. Ако ги споредиме со примерите наведени во другите

Рецензија: Голема задолженост на општините кои ги раководи СДСМ

на 11. 12. 2013 | |
Кога во текст што претендира да биде класифициран како аналитички се започнува со коментар, веднаш се наметнува прашањето за неговата објективност, но и онаа на авторот и на медиумот што го пласира. Предметот на оваа рецензија е токму таков новинарски производ, кој е лишен од неколку стандарди и добри практики во новинарството. Линк до оригиналниот напис: Голема задолженост на општините кои ги раководи СДСМ
Датум и време на објавување: 04.12.2013, 13:40 Датум на рецензирање: 06.12.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Во текстот има повеќе информации, поткрепени со лоши скенирани документи кои не се доволно јасни, но и со наведување на изворите – т.е. документите од кои се црпени информациите. Проблемот е што така пласираните информации (без линкови или целосно скенирани документи),

Рецензија: ВИВА соковите со ликови на Дизни и Марвел

на 22. 11. 2013 | |
Етичките правила во новинарството не се случајни, ниту пак до нивното утврдување се дошло лесно. Новинарството е таква професија што може да служи како „иљач“, но и како „отров“ во едно општество. Токму и затоа се изградени мерките за саморегулација, а една од најсилните е кодексот. Во него, пак, јасно пишува Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата (дел од чл.6 од Кодексот на новинарите на

Рецензија: Милошевиќ притиснал, Глигоров прифатил Словенска Република Македонија, Андов одбил

на 20. 11. 2013 | |
Навидум станува збор за релативно коректна вест, делумна копија на вест објавена во друг медиум, со наведен линк кон медиумот од каде е преземена, при што е истакнат најважниот дел. Но, оваа вест отстапува од дел од новинарските стандарди – проверка на факти, балансираност, пишување без сензационализам, одбегнување на дискредитација на личности без проверени факти… Во веста што е предмет на оваа рецензија тие стандарди ги нема, а со насловот што е ставен на текстот, непроверен факт, се нуди како апсолутна вистина, засегајќи притоа, во прв ред, имиња на живи и мртви личности, поранешни и сегашни политичари. Линк до оригиналниот напис: Милошевиќ притиснал, Глигоров прифатил Словенска Република Македонија, Андов одбил Датум и време на објавување: 17.11.2013/22:38 Датум на рецензирање: 19.11.2013

Рецензија: Задоволство во Грција од непристојниот предлог на Ивон Величковски

на 6. 11. 2013 | |
Станува збор за текст што е жанровски хибрид од вест и коментар. Со коментарот се започнува во насловот и главата на веста, а продолжува после неколку пасуси од веста. Коментарот е интегриран во веста и содржи дискредитирачки оценки за личности само врз база на слободна проценка на неименуваниот автор на веста: По Црвенковски, Шеќеринска, Заев, Фрчковски, Жерновски итн,  Ивон Величковски е последниот во низата македонски опозиционери кој што отворено застана во одбрана на грчките интереси. Текстот има и други фалинки од аспект на професионалните стандарди, па токму тој микс од жанрови и професионални и етички пропусти го прави интересен за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Задоволство во Грција од непристојниот предлог на Ивон Величковски
Датум и време на објавување: 05.11.2013,

Рецензија: ЕУ на Македонија ќе и даде 600 милиони евра, да беше членка на Унијата ќе добиеше 1,7 млрд. евра повеќе

на 31. 10. 2013 | |
Веста е поучен пример за рецензија не само затоа што недостасуваат основни параметри од новинарските стандарди, туку и затоа што е објавена од класична новинска агенција, со што одговорноста за ширењето на неточни податоци е на повисоко ниво поради дисеминацијата што ја прават новинските агенции. Во дадениов случај, да биде „бељата“ уште поголема, оригиналнот на веста е пласиран два-три часа порано од некогаш конкурентската агенција на Макфакс, агенцијата МИА, а во веста што ја рецензираме тоа е сокриено од читателот. Линк до оригиналниот напис: ЕУ на Македонија ќе и даде 600 милиони евра, да беше членка на Унијата ќе добиеше 1,7 млрд. евра повеќе
Датум и време на објавување: 30.10.2013 Датум на рецензирање: 31.10.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Нема ниту

Рецензија: Другата страна на случајот Кежаровски, за што е осуден новинарот?

на 25. 10. 2013 | |
„Томислав Кежаровски нанесе неправда, не само на Бреза, туку и на оние кои чекаа правда за убиството во ова село. Фактот што е новинар не смееше да биде причина за тој да не биде казнет.“ Жанровски нејасниот текст, објавен ден по главниот настан, има проблем со неколку професионални и етички стандарди. Но, реченицата што ја цитиравме, а што се наоѓа на крајот од текстот, може да биде сечија, но никако

Претплатете се за најнови вести