verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Рецензија: На кој начин смартфоните влијаат штетно врз организамот?

на 29. 07. 2013 | |
Текстот припаѓа во жанрот вести и тоа за тема која опфаќа многу широка категорија луѓе. Но и покрај таквото значење веста нема извор, со што може да се направи поголема штета, наместо да се исполни една од главните функции на медиумите во општеството – одговорно и вистинито информирање. Линк до оригиналниот напис: На кој начин смартфоните влијаат штетно врз организамот? Датум и време на објавување:23.07.2013 Датум на рецензирање: 26.07.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Текстот е преполн со наводи. За жал точноста и веродостојноста на ниту еден од наводите не може да се утврди без темелно истражување за секој од нив, што секако не е работа на читателот. Извори на информации: Нема наведено ниту еден извор на информација. Очигледно е

Рецензија: Владата ја исфрли опасноста од цензура

на 2. 07. 2013 | |
Преку сугестивен наслов и легенда под фотографија, преку начинот на конструкција на извештајот (глава, редослед на изјави и крај на извештајот), на читателот му е сугериран цврст став дека Владата е конструктивна и дека во однос на политиката кон медиумите и новинарството таа нема никаква намера да воведува цензура, туку напротив, соработува со новинарите, медиумите и нивните здруженија, со крајна цел да воведе ред во професијата. Но, тоа е само едната страна на приказната. Втората е многу бледо нафрлена во текстот. Линк до оригиналниот напис: Владата ја исфрли опасноста од цензура Датум и време на објавување: 06.06.2013 Датум на рецензирање: 07.06.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Извештајот е мешаница на факти, но и на тврдења чија точност не може да се

Рецензија: Соросоидите владеат во Центар – парадржавна власт среде Скопје

на 30. 06. 2013 | |
Станува збор за псевдо-анализа во која врз база на два скенирани документа целосно се дикредитира градоначалникот на Центар и функционалноста на новата општинска власт, но се оцрнуваат и невладини организации и здруженија на граѓани што имаат поинакви погледи за уредувањето на централното градско подрачје во однос на владеачката партија во државата ВМРО ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Соросоидите владеат во Центар – парадржавна власт среде Скопје Датум и време на објавување: 13.06.2013 Датум на рецензирање: 14.06.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Фактите се состојат од два документа – барање(иницијатива) упатено од невладина организација „Плоштад Слобода“ и административно писмо од претседателот на Советот испратено до секторите во Oпштината со кое ја препраќа иницијативата од „Плоштад Слобода“. Извори на информации: Во самиот текст

Претплатете се за најнови вести