verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Саморегулацијата во медиумите во Македонија – Mission Possible!

на 29. 04. 2015 | | sq
Фото: CC BY-SA HonestReporting.com, 2011  

Саморегулацијата е систем на правила што ги воспоставуваат медиумите за да го заштитат сопствениот бизнис и да стекнат поголема доверба кај јавноста. Суштината на медиумскиот бизнис лежи во информациите, т.е. испорачување на вистина преку вистинито, објективно и целосно информирање на јавноста и сето тоа сторено со почитување на етичките правила. На тој начин, со саморегулацијата се штитат и универзалните човекови права – слобода на

За МРТ во која ќе биде престиж, а не срам да се биде вработен!

на 17. 04. 2015 | |
Од протестот пред МРТ. Фото: ФОСИМ, 25 февруари 2015  

Поаѓајќи од практиката на современите демократии, кои во нивните политички системи препознаваат и живеат со „библиските“ правила за трите власти, нивната поделба и за независно функционирање – законодавна, извршна и судска, на што ја додаваат и четвртата „власт“ – медиумите, со право e секогаш актуелна дискусијата за еден сегмент од оваа четврта власт, за сегментот  Македонска радио-телевизија (МРТ) и нејзината

АЕК или ААВМУ?

на 8. 04. 2015 | |
  Фактите во новинарството се светост. Тие се основниот елемент кој читателот го врзува за новинарскиот производ, а на новинарот и на медиумот им дава кредибилитет. Затоа проверката по двапати најмалку, на веќе напишан текст, е нужност на која треба да биде подготвен секој новинар, уште пред да го предаде текстот на уредникот, кој потоа повторно треба да ги провери фактите, но и да направи други уреднички интервенции по потреба.

Наместо аналитички коментар, врвен спин

на 20. 02. 2015 | |
 

(Рецензија: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!)

  Анализата како потформа на коментарот, дава извесна слобода за изнесување сопствени мислење врз основа на расчленетите факти. Тоа мислење, базирано врз логичките техники, е доста полезно во новинарството, особено кога сакате да одите во „длабочина“ и на тој начин на јавноста да ѝ ги направите нештата – појави, процеси, изјави… – појасни. Но, кога наместо врз факти, се анализира врз извртени факти, тогаш нема друго име за тој тип аналитички коментар освен спин и манипулација со јавното мислење. Токму таков е „аналитичкиот коментар“ што е предмет на оваа рецензија.  Линк до оригиналниот напис: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!   Датум и време на објавување:18.02.2015, 23:53 Датум

Рецензија: Ромите – вредни за внимание само кога има избори

на 19. 02. 2015 | |
  Социјална репортажа со точно дозирани емоции прикажани преку зборовите и фотографиите, е жанр што речиси изумира во македонското новинарство. Особено во печатените, а уште понагласено во новите медиуми. Овој редок пример на репортажата заслужува внимание и пофалба, ако ништо друго, токму поради тој факт. Сосема малку напор недостигало со дополнителни истражувачки алатки да се збогати и, преку одделниот пример претставен тука,  да се добие генерална слика за вниманието на државата кон голема група свои граѓани, кои се многу често дискриминирани во разни ситуации, со намера или, понекогаш, и без. Линк до оригиналниот напис: Живот на работ: жителите од улицата „Караорман“ бр.111 Датум и време на објавување: 10.02.2015 Датум на рецензирање: 17.02.2015 Рецензент: Теофил Блажевски Репортажата како жанр во новинарството

„Новинарското“ дно сѐ уште не е допрено

на 16. 02. 2015 | |
 

(Рецнезија на текстот: Заев со лагите го допре дното: По повеќе негирања, призна дека соработувал со Верушевски)

  Реалноста најдобро се замаглува кога за еден настан пласирате дел од фактите, оние што ви одат во прилог, а веднаш потоа врз тој истргнат дел и врз извртени факти, градите приказна, давајќи вредносни судови. Токму таков пример имаме во текстот што е предмет на оваа рецензија. Класично мешање на факти со коментари за прикривање на вистината, со што се нарушени неколку етички принципи и професионални стандарди во новинарството. Линк до оригиналниот напис: Заев со лагите го допре дното: По повеќе негирања, призна дека соработувал со Верушевски Датум и време на објавување:  11.02.2015, 23:56 Датум на рецензирање: 14.02.2015 Рецензент: Теофил Блажевски Првото

Слободата на медиумите, како никогаш досега, под контрола

на 12. 11. 2014 | |
Во текстот што е предмет на нашата рецензија се покажува основно непознавање на улогата на медиумите во едно демократско општество и нивната улога на „чувар“ на демократските вредности, поради што во теоријата одамна се наречени и четврта власт. А, за тоа колку има слобода на медиумите во Македонија, авторот на текстот и во редакцијата можат да се информираат во целосно непристрасните и аргументирани последни извештаи на ЕУ и на Франк Ла Ру, но и многу други.* Линк до оригиналниот напис: Опозицијата, како никогаш досега, со најголем број на медиуми под своја контрола Датум и време на објавување: 19.10.2014 Датум на рецензирање:  10.11.2014 Рецензент:  Теофил Блажевски   „Опозицијата, како никогаш порано, со најголем број на медиуми под своја контрола“,  е класичен

Од надрижурналист преку надрилекар до објавување опасни глупости!

на 5. 09. 2014 | | sq
 

Зборот лекува, но зборот и убива!  Оваа мудрост денес ја имаат подзаборавено многумина во нашево општество, а сосема сигурно прилично и во новинарството. Тие лица кои во новинарството влегле случајно или намерно, но секако не се новинари, симболиката на „зборовот убива“, можат да ја претворат во реалност со својата неoдговорност кон професијата и отсуството на елементарна, а камоли професионална етика. Повод за ваква констатација е општата слика што ја

Рецензија: Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист

на 21. 08. 2014 | | sq
  Целосно отсуство на почитување на професионалните стандарди и етичките правила обично доведува до ваков „новинарски“ продукт, каков што одвреме, навреме, може да се сретнете во излозите на македонските информативни портали.  Вест која не само фигуративно, нема ни почеток ни крај, а која поради влијанието што го имаат медиумите, може да има широки последици по здравјето на луѓето. Ова е еклатантен пример на неодговорно постапување во професијата. Кога останува неказнет (од уредник, сопственик, од еснафско или друго надлежно тело), служи како показен пример за мултипликација на неодговорноста и ја покажува сета леснотија на пишувањето, ширењето информации/дезинформации, на опстојувањето на глупоста во нашето современо новинарството… Линк до оригиналниот напис:Истражување во Полска потврди: Вакцините немале никогаш никаква корист Датум и време на

„Мрзливо и манипулативно новинарство“ – известување преку полициски извештаи

на 30. 05. 2014 | | sq

Секој што има овластување да употреби сила, секогаш може да се доведе на тенката линија на прекршување на основните човекови права и слободи. Ова, пак, упатува на огромна претпазливост и на условено, ограничено користење на полициски информации во секоја прилика, но особено кога се известува од настани каде има нереди и каде полицијата употребува сила.

  Пишува: Теофил Блажевски   Големо етичко и професионално прашање за современотo новинарство генерално, а

Претплатете се за најнови вести