verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Голема задолженост на општините кои ги раководи СДСМ

on 11 - 12 - 2013       

kurir_mk_makedonija_vesti_139692-Golema-zadolzenost-na-opstinite-koi-gi-r-crop-resize

Кога во текст што претендира да биде класифициран како аналитички се започнува со коментар, веднаш се наметнува прашањето за неговата објективност, но и онаа на авторот и на медиумот што го пласира. Предметот на оваа рецензија е токму таков новинарски производ, кој е лишен од неколку стандарди и добри практики во новинарството.

FireShot Screen Capture #040 - 'Голема задолженост на општините кои ги раководи СДСМ' - kurir_mk_makedonija_vesti_139692-Golema-zadolzenost-na-opstinite-koi-gi-rakovodi-SDSMЛинк до оригиналниот напис: Голема задолженост на општините кои ги раководи СДСМ

Датум и време на објавување: 04.12.2013, 13:40

Датум на рецензирање: 06.12.2013

Рецензент: Теофил Блажевски

Вистинитост: Во текстот има повеќе информации, поткрепени со лоши скенирани документи кои не се доволно јасни, но и со наведување на изворите – т.е. документите од кои се црпени информациите. Проблемот е што така пласираните информации (без линкови или целосно скенирани документи), не се лесно проверливи, па на читателот му останува да верува или да не верува во нивната вердостојност.

Извори на информации: Има официјални и анонимни извори на информации. Тие се и релевантни и нерелевантни, но во секој случај се еднострани. Некои од изворите се контекстуални, некои се ставени вон контекст, колку да се засили впечатокот на насловот и во воведниот коментар.

Содржајност: Анализата што е изведена во текстот е несеопфатна и очигледно е прикривањето на информациите, пред сѐ, во врска со објективните економски параметри при оценувањето на најголем дел од анализираните субјекти.

Пристрасност: Вистината е прикажана само делумно. Објавени се бројки за трошоците и долговите на селективно избрани општини и на дел од нивните јавни претпријатија. Преку таквиот пристап, без никакви други истражувачки прашања, очигледен е обидот за извртување на вистината и за црно-бел приказ за тоа како владее една опозициона политичка партија на локално ниво, при што се прави и неселективна генерализација. Наклонетоста е видлива од насловот, до последниот збор во анализата, а наликува на политичка наклонетост.

Коментирање: Текстот започнува со коментар и завршува со коментар. Помеѓу е вметнато нешто што би требало да биде аналитичка содржина. Коментаторските делови се интегрирани и се среќаваат низ целиот текст.

Оригиналност/Плагијат: Новинарскиот производ што го рецензираме е без наведен автор и со делумно наведени извори, без линк, а во еден дел се повикува и на анонимни експертски извори. Повикувањето на анонимни експертски извори е дозволено во новинарството, но само како исклучок, а не правило и тоа со објаснување зошто е така постапено. Иако е тешко со вакви елементи да се оцени дали е плагијат или оригинал, цениме дека станува збор за оригинално дело, кое на прв поглед наликува на новинарски производ.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационален и повеќе дезинформира отколку што информира. Тој, сепак, е соодветен на понудената содржина во анализата.

Говор на омраза: Во текстот нема навредлив говор или говор на омраза. Сепак, тој е преполн со дискредитација и дискриминација која наликува дека е со политичка позадина, а пораката од анализата до читателите е јасна и би можела да се синтетизира во следнава реченица: не треба да се гласа за одредена политичка партија (СДСМ) на локално ниво, зашто тие прават само трошоци и долгови.

Заклучок: Текстот формално припаѓа на поджанрот анализа, но авторот испуштил повеќе елементи кои според стандардите треба да ги содржи овој вид, а, пред сѐ, неизбалансираноста и неадекватното прикажување на бројки во врска со јавните приходи и расходи на субјектите кои се предмет на анализата. Ќе земеме само еден пример за да го поткрепиме кажаното.

 .. општина Струмица има свои долгови кон други доверители и побарувачи во износ од речиси 2,3 милиони евра кои сеуште ги нема исплатено. Овие информации се добиени од кварталниот извештај до 30.09.2013 година доставен до Советот на општината.Вкупниот долг на општина Струмица и општинските јавни претпријатија надминува 4,5 милиони евра...

Вака наведена реченица во текст, што претендира да биде аналитичен за буџетот на една општина, е најблаго речено непрофесионален приод. Наместо тоа би било доволно авторот да ги прикаже барем вкупните приходи и вкупните расходи на посочената општина за дадениот период и дали има и колкав е дефицитот на општината. Зашто, ако се прикажува вкупниот долг, заедно со долговите на јавните претпријатија, тогаш треба да се прикажат и вкупните побарувања и да се направи анализа на наплатливоста на тие побарувања на истите јавни претпријатија.

Дотолку повеќе што буџетот на Општина Струмица, на пример, е околу 18 милиони евра (за 2013 година), при што приходната и расходната страна е речиси изедначена, па во тој случај не може да се зборува за „критична“ или „катастрофална“ состојба.

Тоа важи и за општина Куманово. Оваа општина во 2012 година, спаѓала во една од петте општини во Македонија со најголем приход. Притоа, трошоците на општината за наведениот период биле за нијанса помали од приходите, па оттука не може да се констатира дека состојбата е катастрофална или лоша.

Истото важи и за наведување на долговите на јавните претпријатија. Не може да се претендира на аналитичност ако се наведе на пример само долгот на ЈП Водовод во Куманово од 300 милиони денари, а да не се наведат побарувањата од над 200 милиони денари, од кои голем дел, според тврдењето на директорот на ова претпријатие, се од т.н. буџетски корисници, т.е. побарувања кои треба да се исплатат од владините министерства и други централни институции.

Проблем во анализата е и целосната генерализација на состојбите. Не може да се споредуваат „баби и жаби“. Секоја општина има свои специфики – од големината на општината, преку економските параметри, до состојбите во регионот кон кој припаѓа. Проблемите во Куманово или Струмица се едни и неспоредливи со проблемите во Ново Село или Дебарца, на пример.

И уште нешто. Анализата е поджанр на коментарот, но, тоа не значи дека коментаторските делови можат да бидат интегрирани со анализата и уште повеќе, анализата да започнува со коментар. Анализата што е предмет на рецензија е токму таков пример и кога ќе се соберат сите нејзини недостатоци, споредено со дел од податоците кои послужиле како инпут во анализата, доаѓаме до заклучок дека станува збор за нестандарден и многу субјективен новинарски продукт.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести