verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Тео Блажевски

Рецензија: СДСМ конечно го кажа ставот за името

на 10. 10. 2013 | |
Текстот е „школски“ пример како не треба да се прави вест во новинарството. На почеток, таа има проблем со вистинитоста, а потоа се промашени и други професионални стандарди. Спинот и коментирањето се сеприсутни, а поради отсуството на факти овој текст е лош, дури и ако бил наменет за пропагандистички цели. Линк до оригиналниот напис: СДСМ конечно го кажа ставот за името Датум и време на објавување: 07.10.2013 (16:45) Датум на рецензирање: 09.10.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Веста е мешавина на еден факт со многу други тврдења, чија вистинитост или не може да се утврди или се неточни. Точно е само дека посоченото лице во веста го кажало тоа што го кажало. Сѐ останато, што всушност е главната содржина на веста,

Рецензија: Геноцидот во Сребреница никогаш не е докажан

на 7. 10. 2013 | |
Веста каква што е „Геноцидот во Сребреница никогаш не е докажан“, е податлив материјал за поука како не треба да се пристапува набрзина кон информации кои се поврзани со настани што, без оглед на временската дистанца, секогаш се потенцијал за повреда на нечии лични и колективни чувства, но и потенцијал за повреда на новинарските правила, а посебно и етичките норми. Линк до оригиналниот напис: Геноцидот во Сребреница никогаш

Рецензија: САД го ослободи Роберт Николовски осомничен за убиство

на 4. 10. 2013 | |
Нецелосна и несеопфатна вест на која и недостасуваат најмалку три  елементи – точното место каде се случува настанот, времето на случувањето и изворот. Со оглед на тоашто местото на настанот погрешно наведено, читателите на оваа вест, всушност, се дезинформирани, а поради несеопфатноста и збунети. Линк до оригиналниот напис: http://lokalno.mk/sad-go-oslobodi-robert-nikolovski-osomnichen-za-ubistvo/ Датум и време на објавување: 01.10.2013 Датум на рецензирање: 02.10.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Веста има факти, но дел од нив се неточни. Точно е дека некој бил ослободен од обвинение за убиство. Но, притоа недостасува точното место на настанот – промашена е државата. Наместо Нов Јужен Велс во Австралија, уште во насловот е напишано дека станува збор за Соединетите Американски Држави и дека станува збор за државата Јужен Велс, која,

Погубноста на копи – пејст „новинарството“

на 26. 09. 2013 | | sq

Станува збор за вирус од кој е заболено новинарството во Македонија, кој е поопасен од каква било рестриктивна контрола на која и да било власт врз слободата на говорот и медиумите

Препишувањето и кражбите при известувањето во медиумите за јавно информирање е проблем од како постојат медиумите. Бројни се примерите за кражба на вести или текстови од други новинарски жанрови уште од почетокот на 20.век, кога се известувало за историски

Рецензија: „ХиМ“ наскоро со скопска продавница

на 24. 09. 2013 | | sq
Пред нас е вест во која дел од фактите не се проверени. Со оглед на фактот што таа е преземена од неколку портали, благодарејќи на препишувачкиот тренд во македонскиот интернет информативен простор, веста може и да биде извор за манипулација на јавноста. Текстот е школски пример за погрешно правење вести каде не се почитувани стандардите во професијата, Ова е основна причина за тоа како информацијата што се нуди, всушност, може да претставува дезинформација или барем полуинформација. Линк до оригиналниот напис: „ХиМ“ наскоро со скопска продавница Датум и време на објавување: 22.092014, 16:53  Датум на рецензирање: 24.09.2014 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Веста се потпира врз две клучни тврдења: излепен излог на една скопска продавница со етикета на познат трговски бренд и

Рецензија: УНХЦР: Снимките од жртвите на хемискиот напад се лажни!

на 12. 09. 2013 | | sq
На читателите им е понудена вест, многу конфликтна со новинарските стандарди и општи правила по повеќе основи: од несоодветноста на насловот со содржината на веста во смисла на тоа кој што заклучил, преку неможноста да се утврди веродстојноста на другите факти, па сѐ до тоа кој е изворот на веста. Читателот, во најмала рака, останува збунет околу основните факти, што е доволен показател дека станува збор за лош новинарски производ

Прес-конференциите и „заветот на молк“

на 27. 08. 2013 | | sq
Отсуството на прашања од новинарите на прес-конференции покажува дека тие најчесто доаѓаат неподготвени за темата за која се зборува и дека имаат многу малку знаење за неа   пишува: Теофил Блажевски     Прес-конференциите се одличен индикатор за нивото на (не)знаење и (не)подготвеност на новинарите за темите за кои се зборува. Ова особено доаѓа до израз на оние т.н. тематски конференции, каде се изнесуваат податоци за нови инфраструктурни проекти,

Рецензија: Осигурувањето најдобро и најевтино решение

на 16. 08. 2013 | | en
Вовед: Текстот е проширена вест – информација за одрeден проблем. Но, не се испочитувани сите новинарски стандарди. Недостасуваат елементи за веста – извор и време. Воедно не е направен поширок истражувачки напор кој би водел кон насловот на текстот, кој е во целосна спротивност со наводите изнесени во него. Линк до оригиналниот напис: Осигурувањето најдобро и најевтино решение Датум и време на објавување: 09.08.2013 Датум на рецензирање: 11.08.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Не може да се утврди Извори на информации: Очигледно е дека се користени извори за текстот. Има статистички показатели, доста бројки, а во еден момент се споменуваат „информации од терен“ и „експерти“. За жал изворите се анонимни. Така што воопшто не може да се утврди дали станува збор

Рецензија: Кумановка пробала да се лекува со туѓа здравствена книшка

на 1. 08. 2013 | |
Вовед: Новинарски полупроизвод кој е типичен случај кога „веста“ се претвора во нешто што наместо да информира, може да дезинформира и да го остави читателот со повеќе прашалници и чуденки отколку пред да ја прочита.
Текстот по својот жанр би требало да е вест, сместена во рубриката „црна хроника“. Но, за да биде вест и недостигаат дел од елементите на веста содржани во познатата формула за вест, 5+2 елемeнти, во случајов тоа е времето и изворот на веста. Линк до оригиналниот напис: Кумановка пробала да се лекува со туѓа здравствена книшка Датум и време на објавување: 31.07.2013, 12:52 Датум на рецензирање: 01.08.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Вистинитост: Во телото на веста се споменуваат неколку наводи што се пласирани како факти. Но,

Рецензија: Фото: Алекс Ружин го нападна Карло Бос

на 29. 07. 2013 | |
Текстот што е предмет на рецензија требало да е вест, но на крај се претворил во текст која не ги содржи сите барани елементи за овој жанр. Веста во случајов е употребена како вовед за коментар, при што на крај се добива микс од два жанра, во која недостасуваат многу елементи за да бидат исполнети барем минимум новинарски стандарди. Линк до оригиналниот напис: Фото: Алекс Ружин го нападна Карло Бос Датум и време на објавување:  25.07.2013 Датум на рецензирање: 26.07.2013 Рецензент: Теофил Блажевски Извори на информации: Текстот содржи еден извор – Фејсбук профил на корисник. Бидејќи новинарот не навел дали го контактирал корисникот на профилот, ниту пак навел од каде е земен скриншотот (без оглед што станува збор за „официјална

Претплатете се за најнови вести