verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Парановинарството е најголемиот непријател на слободата на говорот

on 30 - 07 - 2015       

Dokaz-N-Gruevski-crop-resize

 

[Рецензија: Никола Груевски и како дете личел на ретардирано злобно копиле]

 

Слободата на говорот и слободата на медиумите се апсолутни категории во демократиите и без нив не се може. Но, слободата на говорот, пред сè, подразбира одговорност при јавната комуникација. Во спротивност, слободата на говорот се претвора во антипод.

Според досегашната практика, што може да се забележи во нашиот медиумски простор, слободата на говорот во најголем дел се злоупотребува од т.н. парановинарство, лоцирано во најголем дел на интернет-просторот, иако го има и меѓу најгледаните телевизии со национална концесија. Медиумскиот производ што е предмет на нашето внимание е типичен пример на парановинарство, кој ѝ прави „мечкина услуга“ на слободата на говорот во Македонија и само им влева енергија на оние сили во општеството кои се залагаат за ограничување или целосна контрола на оваа цивилизациска придобивка во земјата.

Dokaz - N GruevskiЛинк до оригиналниот напис: Никола Груевски и како дете личел на ретардирано злобно копиле

Датум и време на објавување: 25.07.2015

Датум на рецензирање:  29.07.2015

Рецензент:  Теофил Блажевски

Поради дереџето на кое се наоѓаме во професијата, дел од новинарската заедница веќе извесно време дебатира околу тоа кој е и што е новинар и што да се прави со еден куп веб-страници и портали кои се на граничната линија меѓу информативни медиуми, блогови, пропагандни столбови или забавни е-страници. Тоа е, за жал, цената што мора да ја платиме за да се оневозможи уште поголема контрола врз слободата на изразување, па со право и ЗНМ и поголемиот дел од медиумската заедница, но и невладините организации за човекови права, се спротивставуваат на законско регулирање на порталите во нормите што ги регулираат медиумите.

Оттука, медиумите што оперираат на интернет се оставени на саморегулација и на општата регулатива од граѓанското законодавство (законот за клевета и навреда) и на кривичното законодавство (КЗ на РМ).

Порталот „Доказ.мк“, може да се класифицира во информативни портали бидејќи секојдневно собира и реобјавува вести и информации поврзани со важни општествени текови, но, во исто време, често се служи со парановинарство наместо со новинарство. Како таков, тој е третиран и во процесот на саморегулација од Советот за етика во медиумите, кој досега има постапувано по претставки објавени во овој портал.

Овој вовед беше неопходен за појаснување на тие што би прашале зошто „Сервис за проверка на факти“ се занимава со писанија објавени на „Доказ“. А, особено за конкретниот медиумски производ, кој нема, ама баш никакви врски со новинарство од кој било аспект.

Станува збор за објавување семејна фотографија и нејзина максимална злоупотреба, преку коментар. Насловот и коментарот изобилуваат со говор на омраза и со дискредитирачки и дискриминациски квалификации. Образложение нема.

„Никола Груевски и како дете личел на ретардирано и злобно копиле“

Насловот содржи лични навреди и дискриминација врз политичка основа. Говорот на омраза повеќе е содржан во коментарот објавен под фотографијата, иако и таму може да се дебатира дали станува збор за говор на омраза или дискриминација:

„Ова е семејството кое ја РАСТУРИ Македонија. Го изгоре македонското ткиво! Споделете.

П.С. Тој со наочарите е Никола де, Груевски!“

Покрај овие драстични кршења на етиката што се регулирани и со принципите на однесување во професијата на Меѓународната федерација на новинари (прекршени принципите 7 и 8) и со член 10 од Кодексот на новинари на Македонија, во медиумскиот производ што е предмет на оваа рецензија се прекршени и некои други општи и посебни етички правила, а се поврзани со културата на говор и на јавна комуникација.

Новинарот е должен да ја негува таа култура на говор, меѓу другото и поради тоа што медиумите имаат и едукативна функција, но и поради тоа што говор на омраза раѓа возвратен говор на омраза, па потоа се случуваат и злосторства поттикнати од омраза.

Конечно, новинарите не смеат да ги користат медиумите како средство за пресметка со личности, цели семејства или групи, без оглед на мотивите.

Да заклучиме, фотографијата со коментарот кои се предмет на оваа рецензија, во сите аспекти се во спротивност со сите посебни и општоприфатени норми и стандарди во новинарството, а од вистинитост и од факти единствено е точно дека објавената фотографија е семејна фотографија на споменатите лица. Тука имаме дополнително и пристрасност и мешање на факти со коментари и, во крајна линија, целосна злоупотреба на слободата на говорот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Како извор е посочена семејна фотографија

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести