verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фејсбук-ќорци наместо вистински извори

on 29 - 07 - 2015       

http___kurir.mk_makedonija_vesti_208-crop-resize

 

[Рецензија: Ина Многуфина распали по Жерновски]

 

Оваа куса вест набедува и оцрнува без аргументи. На столбот на срамот го става градоначалникот на Центар, повикувајќи се само на коментар и на фотографија објавени на социјалните мрежи. Тие се „крунскиот доказ“ дека Андреј Жерновски не си ја врши работата, па затоа контејнерите на улицата Орце Николов се преполни со смет!

Но, дали е така или критиките за преполните контејнери низ скопските улици треба да се упатат на друга адреса – градските власти?

http___kurir.mk_makedonija_vesti_208Линк до оригиналниот напис: Ина Многуфина распали по Жерновски

Датум и време на објавување: 27.07.2015, 16:58

Датум на рецензирање: 28.07.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

ОБЈАВА НА „ФЕЈСБУК“ – НЕПРИКОСНОВЕН ФАКТ!

Станува збор за материјал од само три реченици, илустриран со принтскрин од објава на „Твитер“ и на „Фејсбук“, која во веста добива третман на неприкосновена вистина.

„….фотографија која е уште еден доказ дека Жерновски не ја сработува својата должност“

Нема дoполнителна проверка на споменатата објава ниту, пак, посочување на законските акти што ја уредуваат оваа проблематика.

Тоа што некоја личност постирала на „Фејсбук“ или на „Твитер“ фотографија и видување за конкретната ситуација, е нејзино право. Нејзините забелешки може да бидат точни, меѓутоа може и да се погрешни. Можеби таа личност не знае како се поделени надлежностите на општинската и на градската власт. А и не мора да знае. Едноставно ѝ пречи грдата слика со расфрланиот смет и како граѓанин ѝ е битно да биде исчистено. Па, и не е грев што како жител на Центар или граѓанин од некој друг дел на Скопје, ја утнала адресата и го прозвала градоначалникот на Центар. Градоначалниците, нели, не би требало да се толку чувствителни на критиките од граѓаните.

Проблемот е во нешто друго. Во тоа што медиумот без никаква проверка ја презема ваквата објава и ја злоупотребува за да го нападне градоначалникот на Центар.

 

А ДА НЕ Е ВИНАТА КАЈ ТРАЈАНОВСКИ?

Сосема нормално е граѓаните да бидат информирани како еден градоначалник ги извршува обврските и колку тој  е посветен на функцијата на која дошол со нивните гласови. Но, јавноста за тоа треба да биде точно информирана.

Во конкретниот случај, обврската за отстранувањето на сметот не ја извршил еден друг градоначлник  – Коце Трајановски. Бидејќи „одржувањето на  јавната чистота и собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад“ е надлежност на Градот Скопје, а не на општините. Исто така, основач на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е Градот Скопје и ингеренциите се во негови раце. Општините во Скопје немаат посебни претпријатија за собирање смет.

Тоа непотпишаниот автор на веста треба да го знае. А, доколку не го знаел, можел лесно да го провери во Законот за градот Скопје и во Статутот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Доволно било да ја отвори веб-страницата на ова јавно претпријатие и таму да ги најде прописите што ја уредуваат оваа проблематика.

Само, веројатно, некој не сакал да прави вакви проверки и наспроти новинарските стандарди, се определил оваа објава да ја употреби во политички цели – дискредитација на градоначалникот на Центар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести