Сечено, лепено, монтирано, креирано
Објавено во Рецензии
on 23 - 09 - 2015 Автор: Александар Писарев
[Рецензија: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?!]
Надзорот над медиумите е една од најдобрите алатки за следење на нивната општествена улога и професионалноста со која тие пристапуваат во вршење на својата функција. За ова што го рецензираме може да се каже дека е крајно непрофесионално, некоректно и манипулативно и би можело да се категоризира во нова новинарска форма – сечено, лепено и монтирано. Со една единствена цел – да се дисквалификуваат опозицијата и нејзините први луѓе и да се изманипулират граѓаните. Нарушени се сите принципи на новинарството: непристрасност, објективност, вистинитост.
Линк до оригиналниот напис: Што се и зошто криеле во СДСМ од нас?!
Датум и време на објавување: 20.09.2015 17:30
Датум на рецензирање: 22.09.2015
Рецензент: Александар Писарев
МАКИЈАВЕЛИЗАМ
Со користење и со развој на современите техничко-технолошки достигнувања, направен е бестијален производ преку кој во комбинација помеѓу печатен, интернет-медиум и телевизија, почнува едно ново, на нашиот медиумски пазар досега невидено воено формациско новинарство и отворена војна против сè што не е од вмровска провиниенција.
Извадени се од контекст и инсертирани стари и не така стари изјави на политичари и на јавни личности. Дисперзија на вниманието е направена со повеќеслојна филмска, печатарска и телевизиска комбинација, вешто изрежирана да се прифати како реален приказ. Прилогот почнува со баражен оган против СДСМ дека:
„Пет месеци СДСМ објавуваше туѓи приватни телефонски разговори и создавајќи сопствена политичка заработка кршејќи го законот. Пет месеци од тие незаконски стекнати објавувани туѓи телефонски разговори слушавме како некои функционери на ВМРО-ДПМНЕ во приватните разговори кажале некој комнетар или оговарање за свој колега, и за СДСМ и Соросоидите тоа било доказ за нечовечност.“
ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА
Централното место во понатамошната содржина е ставено на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на професорот Гордан Калајџиев. Нивните последни изјави и интервјуа се извадени од контекст, сечени, лепени и монтирани. Кај лидерот на опозицијата е репризирана, веќе рецензирана содржина, која се однесува на неговото гостување во емисјата „Вин-вин“ на телевизијата „24 Вести“, обогатена и надградена со посебен звучен ефект да го дискредитира до крај.
„И, таман помисливме дека конечно се е во ред, еве проблем од соросидите и од СДСМ – на професорот Гордан Калајџиев му било ветено од Заев дека тој ќе биде специјален обвинител.“
Мораме да појасниме дека, без оглед на неговата малку нервозна и суетна реакција, тој само се нашол на списокот на лицата што би можеле да бидат предложени за специјалниот обвинител, но ништо ни од кого не му било ветено, тоа се гледа и од инсертот.
АНАЛИТИКО
Овој текст покажува дека покрај глумење незаинтересираност за она што се случува во опозицискиот табор, сепак се прави детална и прецизна анализа на секој збор искажан од лидерот на опозицијата или луѓе блиски до него. Изјавите се бележат, сегментираат, сечат, лепат и се монтираат, се вадат од контекст и се чуваат за евентуалната пресметка кога ќе се појави погоден момент.
Во новите услови, каде покрај специјалниот обвинител е и меѓународната заедница, која бара одговор на многу прашања, во јавниот простор, во прилично загадена медиумска атмосфера, перцепција и страв дека и противникот може да употреби „тајно оружје“, продуцира новинарски производи кои се под сите стандарди на професијата.
Она што предизвикува мачнина е чувството дека целиот прилог е измонтиран за да се направи манипулација со читателите, да се фалсификува стварноста и да се предизвикаат ефекти кои не се резултат на реалната состојба, туку како да се креирани од агитпроп, при што преку овој непотпишан прилог се покажува дека таквиот агитпроп не е неук и некомпетентен за ваков вид манипулации.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
точни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни, нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови