Рецензии

Каков шок – талог од кафе во филџан со кафе!

на 22. 01. 2016 | | sq
 

[Рецензија: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!]

  Овој текст, освен зборот „шок“, ништо шокантно не содржи во себе, а уште помалку дека новата ѕвезда на „Гранд“ била шокирана. Линкуван наслов на анализираниот напис: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе! Датум и време на објавување: 16.01.2016 Датум на рецензирање: 22.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПЕТПАРЕЧКА ОБЈАВА

„Новата ѕвезда на Гранд во шок: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!“ Кога ќе прочитате ваков наслов, нормално е да помислите дека навистина нешто чудно се појавило во шолјата кафе на пејачот, кој не е ниту именуван во насловот,

Верувајте, опозицијата е виновна за сè!

на 22. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Вандализам на ниво: Како изгледа Градско по славењето на СДСМ (Фото)]

  Имаме текст кој не ги следи стандардите на професионалниот новинарски израз. Направен е обид за репортажа, којашто се прелева во коментирање со јасно видлива политичка пристрасност и со извртување на вистината, а сè за дискредитација на еден политички субјект. Линк до оригиналниот напис: Вандализам на ниво: Како изгледа Градско по славењето на СДСМ (Фото)  Датум и време на објавување: 15.01.2016, 19:58  Датум на рецензирање: 19.01.2016  Рецензент: Александар Пешев  

ОБВИНУВАЊА БЕЗ ДОКАЗИ

Еве неколку фотографии од уништена комунална опрема, а вие, читателите, треба да поверувате дека тоа е последица од славење на приврзаници на опозициската партија. Токму вака накратко може да се резимира овој напис, кој е

Со непрофесионалност новинарството станува кошмар

на 22. 01. 2016 | | sq

     

Напис: Остварен сонот на Албанците, премиер на Македонија е Албанец

  Сонот на Албанците стана реалност. Македонија сега има премиер Албанец. Со оставката на поранешниот премиер Никола Груевски, де факто заменик премиерот на Македонија, Муса Џафери, станува премиер до именувањето на новиот премиер кој се очекува да биде именуван од редовите на ВМРО, генералниот секретар Емил Димитриев, известува „Тетова сот“.   И политичкиот аналитичар Џелал Незири рекол дека оставката на Груевски де факто подразбира дека Муса Џафери е премиер на Македонија?! „Ако Груевски дал оставка, дали сега де факто се подразбира дека Муса Џафери е премиер на Македонија?!“ пишува Незири.   Инаку вечерва премиерот Никола Груевски даде оставка, велејќи дека утре ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието,

Без факти и извори веста останува вештачка

на 22. 01. 2016 | | sq

Напис: „Опозицискиот совет“ има за цел да му ја исполни желбата на Ајранит Хоџа, или…?!

  Опозицискиот совет, во последно време самопрогласен од страна на неговите основачи, сега веќе бледее како идеја, иако уште не направил ниеден чекор кон неговото реално функционирање, во согласност со идејата промовирана од неколку лица, како обединувач на опозициските партии. Од оваа идеја, сега веќе изгледа како да се повлекло и движењето Беса, субјектот што го предложи и дури и го основа овој совет, кој на почеток се нарече натпартиски, а потоа се преименува во опозициски, како што се вика и до овој момент.   Албанската интелектуална маса во Македонија за која се тврдеше дека е носител на овој Совет, на само што не стана

Анонимни извори за испорачување закани

на 21. 01. 2016 | |

[Рецензија: Може разрешување, но и затвор до три години]

  Дали е можен новинарски коректен и професионално одработен напис за сензитивно прашање од доменот на работата на специјалниот јавен обвинител, со користење исклучиво на анонимни извори и без да се побара изјава од Специјалното јавно обвинителство, во услови на акутна политичка криза во државата која има директни реперкусии врз нејзината позиција? Тешко дека некој во или надвор од новинарската професија би можел да одговори потврдно.
Но, токму таков е случајот со текстот што го рецензираме. Во него сите тврдења, сите стручни мислења и образложенија на процедурата, сите  прекршувања на законски одредби кои, наводно, ги направила специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во случајот на предавањето на материјалите од прислушувањето (од страна

Манипулативно-пропагандистичка хајка

на 21. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но сега и тоа не е доволно]

  Едноставно е несфатливо со каква леснотија се влегло во вакви неновинарски постапки. Нема ништо од  начелата на професионалното во оваа медиумска содржина. Напротив! Таа е реаултат на однапред подготвена политичко-пропагандистичка хајка да му наштети некому, кој има поинакво политичко уверување. Не е тешко да се докаже дека оваа медиумска содржина е манипулација заради тоа што таа во себе нема факти. Во текстот нема ниту еден доказ, ниту една индикација што ќе потврди дека еден од потпретседателите на најголемата опозициска партија навистина дал изјава во која „признал“ дека избирачкиот список е прочистен. Линк до оригиналниот напис: Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но

Искривена слика

на 20. 01. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Неуспешни преговори: Заев панично ја напушти средбата, Хан гарантира демократски избори]

  Рецензираме спинерски текст во кој е комплетно извртена реалната ситуација. Во него има невистина, спин, пристрасност, навредлив говор, а во еден дел е направена и супституција на вистината со коментар.  Линк до оригиналниот напис: Неуспешни преговори: Заев панично ја напушти средбата, Хан гарантира демократски избори  Датум и време на објавување: 16.01.2016, 17:58  Датум на рецензирање: 19.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

НЕВИСТИНА, СПИН, ПРИСТРАСНОСТ…

Да одиме по ред.
  1. Невистина!
„Откако владејачката партија исполни СÈ ШТО БЕШЕ ДОГОВОРЕНО…“ Доказ: „Спогодбата од Пржино и понатаму е во функција и мора целосно да се спроведе. За жал, притоа, сè уште постојат значителни одложувања во многу области“, се вели во соопштението од

Лепена, сечена и извитоперена порака

на 19. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите (ВИДЕО)]

  Во текстот се прави типичен политички спин, при што целосно се извртува клучната порака што повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи ја упатија  до еврокомесарот Јоханес Хан, Делегацијата на ЕУ и до Амбасадата на САД.  Имено, граѓанските активисти преку заедничко писмо побараа „одложување на предвремените парламентарни избори сè до моментот додека не бидат исполнети суштинските елементи на Договорот од Пржино и итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите“.  Но, ваквиот потег на граѓанскиот сектор написот намерно го толкува како страв од пораз (изборен)! Линк до оригиналниот напис: Соросовите невладини веќе не го кријат стравот од пораз, бараат одложување на изборите

Презумцијата на невиност е света

на 19. 01. 2016 | | sq
 

Напис: Мега Скандал, голем дел од прислушуваните материјали на Заев се наоѓаат во фабриката на афери

Повеќе од 70 илјади прислушувани разговори се најдени во фабриката на афери откриена пред само неколку денови, нагласуваат извори од истрагата. Според овие извори овие материјали биле ставени во еден екстерен хард диск со име СДСМ Заев во запленетите компјутери во откриената фабрика.   Фолдерот е создаден во септември оваа година по потпишувањето

Балконска кражба како политички чин

на 19. 01. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Неоснованите напади на СДСМ врз КУРИР резултираа со упад во просториите од нашата редакција]

  Ако на информативно гласило му се случи грабеж со кршење врата и се одземат од службените простории средства за работа, тоа, секако, е сериозна работа. Овој текст јавува за таков настан и дава изобилство фотографии кои треба да покажат – скршена брава! Веројатно би се очекувало да има и неред во просторијата и други траги… Во секој случај, читателот би сакал да види прецизна вест. И тоа најпрвин околу начинот на кој криминалецот (криминалците) влегле во просториите, штетата која е направена, како и другите елементи од овој чин, кои секој што известува од слични настани би ги барал и би се интересирал да